Офеља Хамбарѕумјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Офеља Хамбарѕумјан
Биографски податоци
Родено имеՕֆելյա Կարապետի Համբարձումյան
Офе́лия Ка́рапетовна Амбарцумя́н
Роден(а)9 јануари 1925(1925-01-09)
Ереван, Ерменија
ПотеклоЕрменка
Починал(а)13 јуни 2016(2016-06-13) (возр. 91)
Ереван, Ерменија
Жанровинародна, ашунг, поп

Офеља Карпети Хамбарѕумјан (ерменски: Օֆելյա Կարապետի Համբարձումյան; 9 јануари 1925 - 13 јуни 2016) — ерменска пејачка на народна музика.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Ереван, Ерменска ССР на 9 јануари 1925 година. Уште од мали нозе била препознатлива по нејзиниот прекрасен глас. Поминала вокална обука на музичкиот колеџ „Романос Меликјан“. Во 1944 година, таа станала соло-пејачка на Ансамблот за народни инструменти на Радио Ерменија, каде што своите напори ги посвети на ансамблот предводен од Арам Мерангуљан.

Нејзиниот репертоар вклучувал класична ерменска музика, ашугаканска музика и народни песни. Таа била особено призната за нејзините интерпретации на песните на ашуг Сајат-Нова, како што се „Յարէն էրուած իմ Јарен ервац им“, „Յիս կանչում եմ լալանին Јис канчум ем лаланин“ и други. Таа исто така ја изведувала музиката на Фахрад, Џивани, Шерам. Покрај тоа, таа ги изведе песните на нејзините современи ашули, Гусан Шахен, Хаваси, и Гусан Ашот.

Офелја Хамбарџумјан починала на 13 јуни 2016 година во Ереван.[3]

Награди[уреди | уреди извор]

  • Народен уметник на Ерменската ССР (1959)
  • Медал Месроп Маштоц за значаен придонес во уметноста на ерменската песна[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ofelya Hambardzumyan: Queen of Armenian Song“. Armenian Diaspora Museum. Архивирано од изворникот на August 19, 2014. Посетено на August 18, 2014.
  2. „ՕՖԵԼՅԱ ՀԱՄԲԱՐՁՈՒՄՅԱՆ“ [Ofelya Hambardzumyan]. AV Production. Посетено на August 18, 2014.
  3. „Ofelya Hambardzumyan dies at age 91“. news.am (англиски). Посетено на 2020-07-11.
  4. „Հանրապետության նախագահի հրամանագրերը - Փաստաթղթեր - Հայաստանի Հանրապետության Նախագահ“. www.president.am (ерменски). Посетено на 2020-07-11.