Отсечки стварност

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Отсечки стварност“ — збирка раскази на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019, објавена од издавачката куќа „Бегемот“ како дел од едицијата „Наше маало“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 64 кратки раскази, поделени во пет циклуси:[1]

  • „Точки“
* Проклетиот јас-раскажувач
* Талент
* Љубов
* Прсти
* Средба
* Подарок
* Грешка
* Глумица
* 4:53
* Еден ден на семјон Семјонович
* Детиште
* Препознавања
* Пијано
* Муабети
* Кариес
* Кабаетлија
* Прокрастинација
* Еленор Ригби
* Ситничар
* Сон
* Кратка љубострасна приказна
  • „Кругот“
* Тенис
* Дедо и фнуче
* Можеш вака?
* Едно по едно
* Тегли
* Хиерогамија
* Тава со ориз
* Ќерамиди
* Доле влада!!!
* Не е таа
* Баби
  • „Вектори“
* Red Bus Blues
* Аушвиц
* Ајнштајн
* Бабичка
* Тале не знајт
* Повторувањето е мајка на просењето (политички некоректна прикаска)
  • „Отсечки“
* Смрт во Венеција (Отсечки од Кинотеката)
* Кловнови (Отсечки од Кинотеката)
* Огледало
* Грев
* Кога кусурот станува наративно јадро
* Сеида и јас кај Вуди на гости
* Лиман
* Силјан
* Талкачки ум
* Горанче
* Не врне, не врне, не дува, не дува
* Слободен си
  • „Господин П. според Хармс
* (14 кратки раскази)

Технички податоици[уреди | уреди извор]

Книгата, со обем од 102 страници и со димензии од 19 сантиметри, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-9-1. Таа е испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 500 примероци, а нејзиното објавување било финансиски поддржано од Министерството за култура. Графичкото уредување го извршила Наталија Лукомска, јазичната редакција е дело на Андреј Јованчевски, а лектурата ја направила Ирена Ралева.[1]

За делото[уреди | уреди извор]

Во својот осврт кон делото, Иван Шопов ја истакнува способноста на авторот да ни укаже на пукнатините во реалноста, иако во расказите најчесто се опишуваат секојдневни, банални случки. Со сталожен тон, со проникливост и интуитивост, со смелост да се ѕирне и во мрачните делови на човечкиот дух, авторот создал еден вид медитации на подвижна лента, успевајќи да создаде мали парчиња смисла среде сеопштата врева на современоста. Притоа, микроскопскиот поглед врз светотслужи како алатка за проникнување во длабоките тајни на човечката егзистенција. Меѓутоа, сиет раскази не се одликуваат со таквиот контемплативно-медитативен тон, туку во некои од нив, користејќи го хуморот, понекогаш на границата на црниот хумор, бизарноста и апсурдот, авторот создава и текстови кои се, исто така, специфични, но на друг начин.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019.