Отпечатник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Самостоен отпечатник, како што се користи на влез во зграда

Отпечатник, дактилоскоп[1][2] или скенер на отпечатоци на прстибиометриски безбедносен систем. Овие уреди се користат во полициски станици, индустрии за безбедност, паметни телефони и други мобилни уреди.

Функционирање[уреди | уреди извор]

Секој има обрасци на гребени на триење на прстите, и токму овој примерок се нарекува отпечаток од прст. Отпечатоците од прсти се уникатно детални, издржливи во текот на животот на поединецот и тешко се менуваат. Бидејќи постојат безброј комбинации, отпечатоците од прсти станаа идеално средство за идентификација.

Видови отпечатници[уреди | уреди извор]

Постојат четири вида на дактилоскопи:[3] оптички скенер, капацитивен скенер, ултразвучен скенер и термички скенер. Основната функција на секој вид скенер е да се добие слика од отпечатокот од прст на некоја личност и да најде соодветен на него во својата база на податоци. Мерката за квалитетот на сликата од отпечатоци е во точки по инч (DPI - dots per inch).[4]

  1. Оптичките скенери прават визуелна слика од отпечатокот од прст користејќи дигитална камера.
  2. Капацитивните или CMOS скенерите користат кондензатори и со тоа електрична струја за да формираат слика на отпечатокот од прст. Овој вид скенер се истакнува во однос на прецизноста.
  3. Ултразвучните скенери за отпечатоци користат звучни бранови со висока фреквенција за да навлезат во епидермалниот (надворешниот) слој на кожата.
  4. Термичките скенери ги чувствуваат температурните разлики на контактната површина, помеѓу испакнатите и вдлабнатите делови на отпечатоците.

Сите скенери за отпечатоци се подложни на измама со техника која вклучува фотографирање отпечатоци од прсти, обработка на фотографии со помош на специјален софтвер и печатење копии од отпечатоци со помош на 3D печатач.[5]

Конструктивни облици[уреди | уреди извор]

Скенер за отпечатоци на паметен телефон (долу лево)

Постојат две конструкциски форми: фиксен и подвижен скенер за отпечатоци.

  • Фиксен: Прстот мора да се влече по малата област за скенирање. Ова е поевтино и помалку сигурно од подвижниот скенер. Квалитетот на сликата зависи од постојаноста на брзината со која се влече прстот.
  • Подвижен: Прстот лежи на областа за скенирање додека скенерот работи под него. Бидејќи скенерот се движи со постојана брзина преку отпечатокот од прст, сликата е квалитетна.

Облици[уреди | уреди извор]

Самостојни отчитувачи[уреди | уреди извор]

Мајкрософт вовел читач на отпечатоци во 2005 година.[6]

Интегрирани отчитувачи[уреди | уреди извор]

Од почетокот на 2000 година, некои лаптопи со поддршка за компјутерска картичка можат да бидат опремени со отчитувачи; на пример, Compaq Armada E500 може да биде опционално опремен со надворешен отчитувач на отпечатоци од 2000 година - модулот за отчитување го вовела Тошиба. [7] IBM произведува лаптопи со интегрирани отчитувачи од 2004 година.[8] Маркетиншкото име на Епл за електронско препознавање отпечатоци од прсти, познато како Touch ID, било воведено во 2013 година само за паметни телефони, а опцијата за лаптоп била објавена дури во 2016 година. Имплементацијата била одложена до 2013 година само затоа што интегрираниот со оптички скенер за патеки бил патентиран од RIM ( Blackberry) во 2004 година.[9] Блекбери произведувал паметни телефони со отчитувачи од 2010 година - првиот модел со оваа функција бил Blackberry Curve.[10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „дактилоскопија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „дактилоскопија“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Rouse, Margaret (March 2021). „Experts Agree: Face ID Is Not The Answer, In-Display Fingerprint Sensors Are“. display. E3displays. Посетено на 8 March 2021.
  4. Sadasivuni, Kishor Kumar; Houkan, Mohammad Talal; Taha, Mohammad Saleh; Cabibihan, John-John (August 2017). „Anti-spoofing device for biometric fingerprint scanners“. 2017 IEEE International Conference on Mechatronics and Automation (ICMA). IEEE: 683–687. doi:10.1109/icma.2017.8015898. ISBN 978-1-5090-6758-9. Архивирано од изворникот на 2021-01-17. Посетено на 2020-10-27.
  5. Winder, Davey. „Hackers Claim 'Any' Smartphone Fingerprint Lock Can Be Broken In 20 Minutes“. Forbes. Архивирано од изворникот на 2019-12-19. Посетено на 2019-12-19.
  6. Luepke, Lara. „Microsoft Wireless IntelliMouse Explorer with Fingerprint Reader“. CNET (англиски). Посетено на 2021-07-02.
  7. Vaidya, Gopika. „CNN.com - Technology - Toshiba outfits laptops with fingerprint reader - November 22, 2000“. edition.cnn.com. Посетено на 2021-07-02.
  8. „IBM Introducing Fingerprint Reader into Laptop | Security | TechNewsWorld“. www.technewsworld.com. Посетено на 2021-07-02.
  9. Sacco, Al (2013-10-04). „Before Touch ID: BlackBerry Filed for Trackpad-Fingerprint-Scan Patent in '04“. CIO (англиски). Посетено на 2021-07-02.
  10. Cha, Bonnie. „BlackBerry Curve 8520 review: BlackBerry Curve 8520“. CNET (англиски). Посетено на 2021-07-02.