Ото Толнаи

Ото Толнаи (српски: Ото Толнаи, унгарски: Tolnai Ottó); 5 јули 1940 – 27 март 2025) — современ југословенски и унгарски писател.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ото Толнаи е роден во 1940 година во Кањижа, Војводина. Студирал филозофија на универзитетите во Нови Сад и во Загреб. Од 1969 година бил главен уредник на списанието за култура Új Szimposion, а од 1992 година на списанието Ex Szimposion. Толнаи бил последниот претседател на Друштвото на писателите на Југославија.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Делата на Толнаи се преведени на српски, полски, словенечки и германски јазик. Исто така, неговиот расказ "Единаесетгодишната невеста" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]
Негови поважни дела се:[1]
- Галебовите градни коски (песни), 1963 година
- Главата на ѓаволот (роман за млади), 1970 година
- Гогољевата смрт (раскази), 1972 година
- Имре Шафрањ (монографија), 1978 година
- Цветната улица 3 (роман), 1983 година
- Рокококо (песни за деца), 1986 година
- Книга од проза (кратки раскази), 1987 година
- Топчиња правила: книга со нова проза (кратки раскази), 1994 година
- Балканскиот ловор (песни), 2001 година
- Прапрабаба од гангстерски филм од Ротердам (роман во поезија), 2006 година
Признанија
[уреди | уреди извор]Толнаи е добитник на повеќе награди, како што се:[3]
- Наградата „Сирмаи“ (1988)
- Наградата „Порака“ (1991)
- Книга на годината (1992)
- Наградата „Ендре Ади“ (1993)
- Наградата „Тибор Дери“ (1995)
- Наградата „Шандор Вереш“ (1999)
- Златен медал од претседателот на Република Унгарија (2000)
- Наградата „Миклош Радноти“ (2000)
- Наградата за паралелни култури (2001)
- Наградата „[[Унгарска книжевност“ (2005)
- Наградата „Кошут“ (2007)