Ототоксичност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ототоксичност
СпецијалностОториноларингологија, audiologist Уреди на Википодатоците

Ототоксичност е својството на предизвикување на токсичен ефект врз увото, особено кохлеата и вестибулокохлеарниот нерв, а некогаш и вестибуларниот систем, на пример, како несакан ефект од лековите. Ефектите на ототоксичност може да бидат реверзибилни и привремени, или иреверзибилни и трајни. Ототоксично дејство може да покажат антибиотици, како гентамицин, диуретици, како фуросемид, или хемотерапевтици, како што е цисплатин.