Отон IV (војвода од Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Отон IV
Војвода од Австрија
Otto the Merry.jpg
ПретходникФридрих Убавиот
НаследникРудолф IV
Роден(а)23 јули 1301(1301-07-23)
Виена, Надвојводство Австрија
Починал(а)17 февруари 1339(1339-02-17) (возр. 37)
Нојберг, Војводство Штаерска
Благородно семејствоХабсбуршка династија
Сопружник(ци)Елизабета Баварска
ТаткоАлбрехт I
МајкаЕлизабета Тиролска

Отон IV (германски: Otto IV der Fröhliche, der Kühne, роден на 23 јули 1301 во Виена - починал на 17 февруари 1339 во Нојбер) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода од Австрија (1330–1339), војвода од Штаерска и војвода од Корушка (1335-1339). До 1330 година управувал заедно со својот брат Албрехт II.

Отон IV е познат како Отон Веселиот поради големиот број на забави кои биле организирани во неговиот двор.

Рани години[уреди | уреди извор]

Отон бил син на римско-германскиот крал Албрехт I († 1308) и Елизабета Тиролска. Негови браќа биле Рудолф, крал на Бохемија, Фридрих Убавиот, војводите на Австрија Албрехт II, Леополд I и Хајнрих.

Управување[уреди | уреди извор]

По смртта на војводата Хајнрих од Бохемија, на 2 мај 1335 во Линц царот Лудвиг IV ја отстапил на Отон и неговиот брат Албрехт провинциите Корушка и јужен Тирол.

На 2 јули 1335 година Отон дал заклетва на словенечки јазик од престолот на корушките војводи.

Отон IV (војвода од Австрија)
Роден(а): 23 јули 1301 Починал(а): 17 февруари 1339
Претходник
Фридрих Убавиот
Војвода од Австрија и Штаерска
со Албрехт II

1330–1339
Наследник
Албрехт II
Претходник
Хајнрих VI
Војвода од Корушка
со Албрехт II

1335–1339

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Commons-logo.svg Отон IV (војвода од Австрија) на Ризницата
  • Cawley, Charles, His listing along with his siblings . The project "involves extracting and analysing detailed information from primary sources, including contemporary chronicles, cartularies, necrologies and testaments.", Foundation for Medieval Genealogy, Посетено на August 2012 Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  • Marek, Miroslav. „A listing of descendants of Rudolph I of Germany, including Otto and his children“. Genealogy.EU. Надворешна врска во |publisher= (help)