Отоманско-персиска војна (1532–1555)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Отоманско-персиска војна (1532–1555)
Дел од Отоманско-персиски војни
Sueleymanname nahcevan.jpg
Датум 1532–1555
Место Ирак, Ерменија, Персија
Исход Договор од Амасија
Османлиска победа
Територијални
промени
Османлиите зазеле поголем дел од Месопотамија, Ерменија и Грузија[1]
Персијци го задржиле Табриз, источна Грузија, Источна Ерменија, Дагестан, и Азербејџан[2]
Завојувани страни
Safavid Flag.svg Персија  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Safavid Flag.svg Тахмасп I Османлиско Царство Сулејман I
Османлиско Царство Паргали Ибрахим Паша (до 1535 кога бил вратен во Истанбул)
Османлиско Царство Искендер Челеби (до егзекуцијата во 1535)
Сила
60,000 војници 200,000 војници

Османлиско-персиската војна од 1532-1555 се водела помеѓу Отоманската империја на Сулејман Величествениот и персиските Сафавиди на чело со Тахмасп I.

Војната беше предизвикана од територијалните спорови помеѓу двете империи, особено кога бегот од Битлиш одлучил да се стави себеси под персиска заштита[3]. Исто така, Тахмасп го убил управителот на Багдад кој бил на страната на Сулејман. Персија во текот на војната сакала да направи сојуз со Хабсбуршката династија со кое Османлиската империја ќе биде нападната на два фронта[3].

Во конфликтот, најпрвин Паргали Ибрахим Паша, а подоцна и самиот султан Сулејман започнале успешно да го зазимаат денешен Ирак, каде во 1534 година го зазеле Багдад[3].

Конфликтот завршил со потпишување на договорот во Амасија во 1555 година меѓу двата владетели. Договорот ја дефинирал границата меѓу двете земји и истиот бил проследен со дваесетгодишен мир. Со овој договор, Ерменија и Грузија биле поделени меѓу двете земји подеднакво, Османлиите го добиле поголемиот дел од Ирак заедно со Багдад кој им овозможил излез на Персискиот залив, а Персија го задржала својот поранешен главен град Табриз. Османлиите според договорот им дале дозвола на персиските верници да одат слободно во светите места Мека и Медина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Reign of Suleiman the Magnificent, 1520-1566, V.J. Parry, A History of the Ottoman Empire to 1730, ed. M.A. Cook (Cambridge University Press, 1976), 94.
  2. A Global Chronology of Conflict: From the Ancient World to the Modern Middle East, Vol. II, ed. Spencer C. Tucker, (ABC-CLIO, 2010). 516.
  3. 3,0 3,1 3,2 The Cambridge history of Islam by Peter Malcolm Holt, Ann K. S. Lambton, Bernard Lewis p. 330 [1]