Отоманското Царство во 14 век

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Владеењето на Осман[уреди | уреди извор]

Википедија Енциклопедија

Осман бил син на Ертогрул бег и основач на Османлиската династија. Бил роден во 1258 г. На една сочувана монета пишува „ Сечена од Осман син на Ертогрул “. Неговото самостојно владеење започнало во 1299 г. кога се распаднал Иконискиот султанат. Тој успева да им ја наметне власта на останатите бејлуци. Во 1302 г. Осман со својата војска успеал да го порази византискиот војсководач Менадер во Битката кај Никомедија 1302 г. По победата кај Никомедија Осман го заземал византискиот град Белакома (Билеџик) кој се наоѓал во долината на реката Сакарија. Заедно со Билеџик биле заземени и тврдините Инеѓул, Куприсар, Јанхисар и Јенишехир. Освоените територии Осман им ги дал на управување на неговите синови. Неговиот најстар син станал Орхан станл заповедник на градот Караџахисар, помалиот син Гулдузалп станал управник на градот Ерхишер,познат како стар град а најмалиот син Аигудалпу станал управник на тврдините Инени и Јундихшар. Осман основал престолнина во градот Јенишехир познат како Нов град. Наскоро по освојувањето на овие градови Осман ги освоил: Димисус, Коњурхисар и Марамар. „ Подложени на некоординирани напади од разни страни, повеќето луѓе наоѓаа таму лесна пљачка, за несреќа на секојшто се обидуваше да ги запре“. По ова Осман се решава да ја нападне Никеја но не успеал да ја освои. „ Корнејќи ги лозјата, уништувајќи ги посевите и на крајот напаѓајќи ја цитаделата“ Во 1307 г. дошло до здружување на градовите Едрене, Маденос, Кете и Костел против Осман. Дошло до битка во која тие биле поразени. Започнале преговори со кои било договорено дека Османлиите нема никогаш да ја преминат реката Улубад ( Рудник). Во 1308 г. Осман ги заземал градовите: Коџахисар и Лудлиџи. Во овој период Османската држава била загрозена од нападите на Татарите. Синот на Осман Орхан успеал со помош на неговите пријатели Шалтукалп и Кезе успеал да ги победи Татарите. Во 1317 г. бил освоен дворецот Каратекин. Заедно со него биле освоени и дворците: Тузбари, Каликана и Килики. Така Никеја била опколена од сите страни. Тој има наредил на своите војсковоци Актимун и Балабан да ја опколат Бурса. Бурса била освоена. Меѓутоа наскоро повторно паднала во византиски раце. Во 1326 г. Осман умрел по 27 години владеење во седумдесетата година од животот.


Владеењето на Орхан[уреди | уреди извор]

Coat of arms of the Ottoman Empire (1882–1922).svg    Отоманското Царство во 14 век
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

По смртта на Осман на престолот се искачил неговиот син Орхан кој владеел од 1326 до 1362 г. На 3ти април 1326 г. тој ја освоил Бурса. „ Во тие времиња бидејќи источните делови на Византија беа запоставени, Турците потчинија многу земји и градови во Витинија“. Веднаш по заземањето на Бурса таа станала нова престолнина на Османлиите. На 13ти мај 1327 г. Османлиите го зазеле градот Лопадион (Улубат). Во мај 1328 г. Византискиот император Андроник III тргнал со војска против Орхан. Тој најпрвин стигнал до местото Дидимотихон кај Константинопол, потоа го поминал Босфор и стигнал до местото Полекакон каде што се судрил со Османлиите. По неуспехот да ги победат Османлиите Византијците се повлекуваат. „ Византијците се вратија во својот логор со развиени знамиња и со звуците на трубите ја прославуваа својата победа“. Но истата вечер Орхан со војската ги напаѓа Византијците. Во оваа битка биле ранети императорот Андроник и византискиот војсководец Јован Кантакузин. Утредента Орхан со војската заминува за градот Филокрене. Таму извршува напад врз Византијците. Во оваа битка загинале 32 византиски војници, и биле заробени 140. Византијците се повлекуваат: „ Императорот се врати во Константинопол и целата армија беше распуштена“. Во 1331 год повторно дошло до опсада на Никеја. На 1ви мај Никеја била заземена. Наскоро била ослободена и Никомидија. Бил постигнат мировен договор со Византијците. Со овој договор Османлиите се обрзале да не ги напаѓаат градовите што биле под византиска власт. Од друга страна Византијците се обврзале да и платат на Османлиите 20000 перпери за тврдините помеѓу Никомедија и Константинопол. Во 1345 г. Османлиите ја заземаат Каресија. По 1346 гпд. Орхан склучил сојуз со Јован Кантакузин и се оженил со неговата Ќерка Теодора. Во 1352 год бил заземен градот Цимпе. Братот на Орхан Сулејман тргнал со војска да му помогне на Кантакузин во борбата против Србите и Бугарите. Во ноќта меѓу 1 и 2 март 1354 г. била зеземена тврдината Галиполе. „ Незапирливото напредување на исламот од исток на запад е очигледен доказ дека господ им помага и дека исламот е вистинска вера“ . Сулејман започнал да преселува муслимани од Анадолија во Европа. По превземањето на овие градови дошло до прва опсада на Константинопол. Опсадата не успеала и Османлиите се повлекле. Во 1357 г. Орхан му праќа воена помош на Кантакузин. Орхан умира во март 1362 г.

Владеењетo на Мурат[уреди | уреди извор]

По смртта на Орхан во 1362 г. власта ја превзел неговиот син Мурат I. Тој владеел од 1362 до 1389 г. Тој ја превзел власта откако ги убил своите браќа во граѓанската војна. „ Неговите браќа станаа негови непријатели сите тие беа уништени од неговиот меч“. Во раните години од неговото владеење продолжуваат османлиските освојувања во Источна Тракија. Во 1364 г. кај царицата Елена во Сер пристигнало византиско пратеништво кое барало Србите и Византијците да се обединат против Турците. Во периодот помеѓу 1366 и 1369 год. Турците го заземаат Адријанопол. Веќе околу 1368 г. тие веќе ја контролоирале цела Мала Азија. Стигнале до долината на реката Марица која што води кон Пловдив и Софија. Биле загрозени владенијата на серскиот деспот Јован Углеша. Тој се обидел да воспостави сојуз со Византија со цел заедничка борба против Османлиите. Уште од пролетта 1371 г. Углеша започнал подготовки за воен поход против Османлиите. Тој на своја страна успеал единствено да го придобие неговиот барат Волкашин кој владеел со прилепското кралство. Неговата војска броела околу 60000 војници. „ Сигурно е дека војската била собрана од териториите помеѓу Шар Планина, земјите околу Вардар и Струма, и краевите околу Драма Моносипол и Волерон “. Со османлискат војска раководел Лала Шахин паша. Во ноќта помеѓу 25ти и 26ти септември 1371 г. османлиите го нападнале воениот логор на Волкашин и Углеша кој се наоѓал на реката Марица. Војските на Волкашин и Углеша во тој момент спиеле. Во оваа битка војските на Волкашин и Углеша доживеале пораз. Самите Волкашин и Углеша загинале во оваа битка. „ Се случи голема борба и настана страшно крвопролевање на реката Марица“. По оваа битка Османлиите се упатуваат кон Бугарија со која владеел Иван Шишман. Во овој период тие успеале да ја освојат родопската област и североисточните делови на Тракија. Биле освоени тврдините Самоков, Ихтиман, Станимака, Раковица и Цепена. Населението во Бугарија било изложено на грабежи и заробувања. Иван Шишман ја признал врховната османлиска власт во 1373 г. Но и покрај тоа продолжиле нападите на Османлиите на бугарската територија. Во 1385 г. Лала Шахин ја освоил Софија. Во 1388 г. бил превземен напад над Трновското царство. Али паша со 30000 војници навлегол преку Стара Планина и ги освоил градовите: Шумен, Мадара и Овеч, а го опсадил и Никопол. Царот Иван Шишман склулил мир со Османлиите и им ја предал тврдината Силистра. Во 1388 г. Али паша навлегол во Добруџанското деспотство каде шпо владеел деспотот Иванко. Тие го опседале Варна но не успеале да го освојат. Набрзо по Битката кај Марица Османлиите започнале напад на Византија. На 11 април 1372 г. тие го опсадуваат градот Сер кој не успеале да го освојат. Во 1373 г. Византискиот император Јован V ја признал врховната власт на Османлиите. Во 1377 г. синот на Јован V Андроник стапил во сојуз со синот на Мурат против нивните татковци. На 25ти мај 1377 г. се одиграла битка во која војските на Андроник и синот на Мурат доживеале пораз. Мурат го заробил неговиот син и го ослепел. Со помош на Џеновјаните Андроник избегал од затвор и го зазема престолот. По барање на султанот Мурат го предал Галиполе. Османлиите го помагаат Јован V во граѓанската војна што се водела со неговиот син Андроник. Со нивна помош Јован V успеал да се врати на власт во 1381 г. Во меѓувреме Османлиите вршат продор во Епир и Албанија. На 2 ри јуни 1380 г. Лала Шахин паша навлегол во Јанина и ги зазел селата Бела и Хопас. Во 1382 год. ја зазел тврдината Рунихон. Во 1385/6 г. Јанинскиот деспот ја признал врховната власт на Османлиите. Во 1387 г. бил опсаден Солун. Во овој период биле превземени и други напади на Македонија. Биле зеземени Бер и Битола. Во септември истата година османска армија предводена од Евренос нападнала на Ахајското кнежевство, но не успеале да го освојат. Во 1381 г. Османлиите за првпат продираат на српска територија. Кај Параќин Турците биле поразени од Србите. Во 1386 г. Османлиите го заземале Ниш. Во Битката кај Плочник тие биле поразени од страна на српскиот кнез Лазар. Во 1388 г. Османлиите за првпат продираат на територија на Босна. Тука доживуваат пораз кај Билеќа од страна на боснската војска. Поради овие порази султанот Мурат I се решил за решавачка битка против Србите. Тој лично ја предводел војската во која биле и неговите синови Јакуб и Бајазит. Српската војска ја предводи кнезот Лазар, а добил помош и од Босанците кои ги предводил Влатко Вуковиќ. Решавачката битка се одиграла на косово поле на 15 по стар односно 28ми Јуни 1389 г. по нов календар на празникот Видовден. Во оваа битка загинале и султанот Мурат и кнезот Лазар. Иако бројот на жртвите и на двете страни бил приближен сепак бидејќи Србија по територија и население била помала од Османлискта империја и морала да ја признае врховната османлиска власт.

Владеењето на Бајазит[уреди | уреди извор]

По смртта на Мурат власта ја превзел неговиот син Бајазит (1389-1402) год. Тој во 1389 г. го ликвидирал брат му Јакуб и ја превзел власта. На 26ти октомври 1389 г. џеновјанскиот управител во Галата потпишал спогодба за постојани договори со Османлиите Во овој период вазал на Бајазит станал Сулејман паша којшто се оженил со една од османските принцези. Бајазит започнал процес на освојување на емирствата во Анадолија. Тој ги освоил емирствата: Сарухан, Филаделфија, Ашипхазаде и Ментеше. На 5ти јули 1391 г. Бајазит го убил Сулејман паша и ги присвоил неговите владенија. Во 1392 г. сакал да започне поход за освојување на Синоп но овој поход бил одложен. Потоа замнува за Европа. Во негово одсуство емирот Алаедин извршил напад над османските територии. Кога Бајазит се вратил во 1397 ја повел војската против него. Дошло до битка во близина на Конија. Аледеин бил поразен од Бајазит. Биле освоени Конија, Ларенде, Аксарај, Девелу, Калахисар Ахшехир. Во 1398 Бајазит тргнал со војска против емирот Бурханедин кој владеел со Амасија. Амесија била заземена од Османлиите. Кон крајот на истата година бил освоен и Сивас. Бурханедин загинал во битка со Бјазит. Во 1400 г. Бајазит ја контролирал територијата на Централана и Западна Анадолија северно од Тавр и источно до Сивас и Малатија. По косовската битка и смртта на кнезот Лазар продолжиле османлискте напади на Србија. Во март 1392 г. унгарскиот крал Сигизмунд тргнал со војска против Турците со цел да ги спречи понатамошните нивни навлегувања на европска територија. Кон крајот на 1392 г. Србија ја признала врховната власт на Османлиите. Во исто врме негови вазали стануваат Георги Стратимировиќ и Вук Бранковиќ. По покорувањето на Србија Бајазит се насочил кон Бугарија. На 17ти јули под османлиска власт паднало Трновското царство. По ова Бајазит го опсадува Константинопол, кој веќе им плаќал данок на Османлиите. „ Варварите зедоа се што најдоа надвор од градот и му ги нанесоа сите страдања“. Оваа опсада траела сè до 1402 г. Во 1395 г. Бајазит тргнал во поход против влашкиот војвода Мирче. Дошло до битка кај реката Аргеш. Битката траела една недела и на крајот бил постигнат мир. Во оваа битка загинале крал Марко и Кнстантин Драгаш кои претходно ја признавале врховната османлиска власт. По оваа Македонија потпаднала под директна османлиска власт. По оваа битка Мирче побегнал во Унгарија, и унгарскиот крал Сигизмунд го вратил на власт. Во 1396 г. било заземено Видинското кралство. Во август истата година унгарскиот крал Сигизмунд тргнал со војска против Османлиите. Дошло до битка кај Никопол. Унгарците доживуваат пораз. Бајазит наредил погубување на сите заробеници со исклучок на оние кои биле помлади од дваесет години. На враќање тој го зазема местото Шилтбергер. Во овој период продолжиле османлиските напади во Епир. Османлиската војска стигнала до брегот на Јадранското Море. Дошло до конфликт со Венеција. Во 1394/5 г. Османлискиот војсководец Евренос го нападнал Коринт, но наскор се повлекол. Во 1399 г. Бајазит повторно тргнал со војска на Пелопонез, а го нападнал и островот Негропонте. Во овој период Османлиското Царство била загрозена од нападите на Монголите со кои владеел Тимур. Во текот на летото во 1400 г. Тимур тргнал кон Сивас кого го опседнал на 10ти август истата година. Сивас паднал под монголска власт на 26 август 1400 г. Во 1402 г. Тимур со својата војска стигнал кај Анкара. Тука се одиграла битка меѓу него и Бајазит на 28ми јули 1402 г. Во оваа битка Бајазит бил поразен и заробен. Наскоро умрел во заробеништво.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Jozef fon Hamer- Istorija osmanskog carstva tom 1 Zagreb 1979 god. Str. 1-96
  • Колин Инберг- Историја на Османлиското Царство од 1300 до 1481 г. стр. 21-60
  • Халил Иналџик- Историја на Османлиското Царство во класичниот период од 1300 до 1600 г. стр. 9-22
  • Александар С. Атанасовски-Македонија во XIV век Тетово 2009 г. стр. 185-191
  • Бобан Петровски- Историја на балканските земји XIV- XV век Скопје 2009 г. стр. 33-38 и стр. 101-104