Отоманска социјалистичка партија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Османлиската социјалистичка партија (1910-1913) била првата социјалистичката политичка партија создадена во Отоманското Царство. Партијата всушност не била вистинска политичка партија во модерна смисла на зборот, туку претставувала група од интелектуалци, активни во големите центри на империјата. Проектот бил инициран од активисти на Еврејската Социјалистичка работничка федерација , Народна федеративна партија[1], како и некои социјалисти од Македонската социјалистичка група.

Од друга страна Истанбулски грчки социјалистички центар и Ерменска револуционерна федерација исто направиле обиди за изградба на социјалистички партии[2]. Во оваа партија се активирале Васил Главинов, Димо Хаџи-Димов итн. Самата партија била основана од Хусеин Хилми. По одржаниот конгрес во Солун во 1910 година партијата не доживеала обединување. По Балканските војни партијата се распаднала.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mark Mazower, Salonica, City of Ghosts: Christians, Muslims and Jews, 1430-1950, 2004, p. 287.
  2. Hür, Ayşe (April 24, 2008). „Cumhuriyet'in Amele Evlatları!“ (турски). Taraf. Архивирано од изворникот на 2009-05-21. Посетено на 2009-11-13.