Отитис медиа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Отитис медиа
СинонимиОтитис медиа со ефузија: серозен отитис медиа, секреторен отитис медиа
Otitis media entdifferenziert2.jpg
СпецијалностОториноларингологија
СимптомиБолка во увото, треска, губење на слух[1][2]
ВидовиАкутен отитис медиа, отитис медиа со ефузија, хроничен супуративен отитис медиа[3][4]
Причинителивирусен, бактериски[4]
ПревенцијаВакцинација, доење[1]
ЛековиПарацетамол (ацетаминофен), ибупрофен, капки со бензокаин[1]
Фреквенција471 милиони (2015)[5]
Смртни случаи3,200 (2015)[6]

Отитис медиа е група на воспалителни заболувања на средното уво.[2] Два главни типа се акутен отитис медиа (AOM) и отитис медиа со ефузија (OME).[3] AOM е инфекција со брз почеток која вообичаено се карактеризира со болка во увото.[1] Кај помали деца ова може да резултира со влечење на увото, плачење, и намалено спиење.[1] Исто така можат да бидат присутни и намален апетит и треска.[1] OME вообичаено не е асоциран со одредени симптоми.[1] Понекогаш се опишува чувство на исполнетост во увото.[4] Се дефинира како присуство на неинфективна течност во средното уво повеќе од три месеци.[4]

Појавата на AOM е поврзана со детската анатомија и имунолошката функција.[4] Причинителот може да биде вирус или бактерија.[4] Ризик-фактори се изложеност на чад од цигари, употреба на цуцли-лажалки.[4] Почесто се јавува кај домородните народи и кај лицата со Даунов синдром.[4][7] OME често се јавува после AOM и може да биде поврзан со вирусна горнореспираторна инфекција, иританси како чад, или алергија.[3][4] Преглед на ушното тапанче е важен за поставување на точна дијагноза.[8]

Голем број на мерки го намалуваат ризикот за развој на отитис медиа меѓу кои вакцинација за пнеумокок и инфлуенца, доење, и избегнување на чад од цигари.[1] Важна е употребата на лекови за болка кај AOM.[1] Такви се парацетамол (ацетаминофен), ибупрофен, капки за уши кои содржат бензокаин, или опиоиди.[1] Кај AOM, антибиотиците може да го забрзаат лекувањето, но може да резултираат со несакани ефекти.[9] Антибиотиците често се препорачуваат кај посериозни случаи или кај деца помали од две години.[10] Кај оние кај кои состојбата не е сериозна, антибиотици се препорачуваат доколку после два или три дена нема подобрување на состојбата.[10] Иницијален антибиотик од избор вообичаено е амоксицилинот.[1]

На светско ниво AOM годишно добива 11% од вкупното население (околу 325 до 710 милиони случаи).[11][12] Половина од случаите се кај деца помали од пет години и почесто се јавува кај машките.[4][11] Пред десеттата година околу 80% од децата имаат ОМЕ во одреден период.[4] Отитис медиа резултирал со 3,200 смртни случаи во 2015 – во споредба со 4,900 смртни случаи во 1990.[6][13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Lieberthal, AS; Carroll, AE; Chonmaitree, T; Ganiats, TG; Hoberman, A; Jackson, MA; Joffe, MD; Miller, DT; и др. (март 2013 г). The diagnosis and management of acute otitis media.. „Pediatrics“ том  131 (3): e964–99. doi:10.1542/peds.2012-3488. PMID 23439909. 
  2. 2,0 2,1 Qureishi, A; Lee, Y; Belfield, K; Birchall, JP; Daniel, M (10 јануари 2014 г). Update on otitis media - prevention and treatment.. „Infection and Drug Resistance“ том  7: 15–24. doi:10.2147/IDR.S39637. PMID 24453496. 
  3. 3,0 3,1 3,2 „Ear Infections“. cdc.gov. September 30, 2013. Архивирано од изворникот на 19 February 2015. конс. 14 February 2015. 
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Minovi, A; Dazert, S (2014 г). Diseases of the middle ear in childhood.. „GMS Current Topics in Otorhinolaryngology, Head and Neck Surgery“ том  13: Doc11. doi:10.3205/cto000114. PMID 25587371. PMC: 4273172. http://www.egms.de/en/journals/cto/2014-13/cto000114.shtml. 
  5. GBD 2015 Disease and Injury Incidence and Prevalence, Collaborators. (8 октомври 2016 г). Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015.. „Lancet“ том  388 (10053): 1545–1602. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMID 27733282. 
  6. 6,0 6,1 GBD 2015 Mortality and Causes of Death, Collaborators. (8 октомври 2016 г). Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015.. „Lancet“ том  388 (10053): 1459–1544. doi:10.1016/s0140-6736(16)31012-1. PMID 27733281. 
  7. „Ear disease in Aboriginal and Torres Strait Islander children“ (PDF). AIHW. Архивирано (PDF) од изворникот на 17 February 2017. конс. 12 May 2017. 
  8. Coker, TR; Chan, LS; Newberry, SJ; Limbos, MA; Suttorp, MJ; Shekelle, PG; Takata, GS (17 ноември 2010 г). Diagnosis, microbial epidemiology, and antibiotic treatment of acute otitis media in children: a systematic review.. „JAMA“ том  304 (19): 2161–9. doi:10.1001/jama.2010.1651. PMID 21081729. 
  9. Venekamp, RP; Sanders, SL; Glasziou, PP; Del Mar, CB; Rovers, MM (23 јуни 2015 г). Antibiotics for acute otitis media in children.. „The Cochrane Database of Systematic Reviews“ том  6 (6): CD000219. doi:10.1002/14651858.CD000219.pub4. PMID 26099233. 
  10. 10,0 10,1 „Otitis Media: Physician Information Sheet (Pediatrics)“. cdc.gov. November 4, 2013. Архивирано од изворникот на 10 September 2015. конс. 14 February 2015. 
  11. 11,0 11,1 Monasta, L; Ronfani, L; Marchetti, F; Montico, M; Vecchi Brumatti, L; Bavcar, A; Grasso, D; Barbiero, C; и др. (2012 г). Burden of disease caused by otitis media: systematic review and global estimates.. „PLOS ONE“ том  7 (4): e36226. doi:10.1371/journal.pone.0036226. PMID 22558393. 
  12. Global Burden of Disease Study 2013, Collaborators (22 август 2015 г). Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 301 acute and chronic diseases and injuries in 188 countries, 1990-2013: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2013.. „Lancet“ том  386 (9995): 743–800. doi:10.1016/s0140-6736(15)60692-4. PMID 26063472. 
  13. GBD 2013 Mortality and Causes of Death, Collaborators (17 декември 2014 г). Global, regional, and national age-sex specific all-cause and cause-specific mortality for 240 causes of death, 1990-2013: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2013.. „Lancet“ том  385 (9963): 117–71. doi:10.1016/S0140-6736(14)61682-2. PMID 25530442. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори