Еротеј (отец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Отец Еротеј)

Еротеј (роден во Варвара, Тетовско - 1910), (световното име: Лаврентие Давидов), македонски игумен. Завршил ќелијно училиште во Софија и добил чин јеромонах.

Служел во црквата „Св. Никола“ во Тетово во 1898 година.[1] Бил игумен на Лешочкиот манастир од 1898 па сè до смртта во 1910 година. Се истакнал во настанот опеан во народната песна за сардисувањето на манастирот во 1905, кога со мудрост и со храброст, го спречил масакрирањето на масата верници во манастирот, сардисан од Албанци на манастирскиот празник.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Светозаревиќ, Бранислав Покорни (2003). Тетово и Тетовско во илинденскиот период 1895–1905. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 190. ISBN 9989-622-46-9.
  2. Светозаревиќ, Бранислав Покорни; И. Петрушевски (2001). Лешочкиот манастирски комплекс. Скопје.