Отело (опера)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Отело
Опера од Џузепе Верди
Otello-Alexandre-Marie Colin 1829.jpg
Отело и Дездемона
од Александар-Мари Колен, 1829
ЛибретистАриго Боито
Јазикиталијански
Базирано наОтело од Шекспир
Премиера
5 февруари 1887 (1887-02-05)
Ла Скала, Милано

Отело (италијански: Otello) — лирска драма, опера во четири чина од Џузепе Верди. Верди ја компонирал оваа опера во 1884-1885 година.

Либрето[уреди | уреди извор]

Ариго Боито според истоимената драма на Вилијам Шекспир.

Премиера[уреди | уреди извор]

5 февруари 1887 година, Милано во Театарот Скала.

Ликови и улоги[уреди | уреди извор]

Отело
Мавар, командант на венецијанската флота и гувернер на Кипар тенор
Дездемона
неговата жена сопран
Јаго
Наредникот на Отело баритон
Емилија
Неговата жена мецосопран
Касио
Капетан тенор
Родриго
Венецијански благородник тенор
Лодовико
Амбасадор на Венецијанската Република бас
Монтано
Претходникот на Отело како гувернер на Кипар бас
Гласник бас

војници и морнари, венецијански дами и господа, народ (хор).

Место и време[уреди | уреди извор]

Крајбрежен град на Кипар на крајот на 15 век.

Содржина[уреди | уреди извор]

I чин[уреди | уреди извор]

Плоштад пред тврдината, со пристаниште и крчма. За време на страшната бура, жителите на Кипар и делови од венецијанските трупи се плашат за безбедно враќање на нивниот командант Отело, кој уште еднаш извојувал победа над Турција. Бродот на Отело безбедно пристигнува на пристаништето и сите го поздравуваат победникот. Само еден човек не е среќен, наредникот на Отело Јаго. Тој се чувствува заробен и покрај неговите заслуги, бидејќи Отело го унапредил Касио во капетен пред него, а тој има намера да се одмазди за тоа. Како алатка за одмазда го избира Венецијанецот Родериг, кој ја сака сопругата на Отело Дездемона. Откако го опива Касио, започнува расправија помеѓу Родериго и пијаниот капетан. Кога Монтано се обидува да ги раздели, Касио го ранува. Како што планирал Јаго, Отело ја слуша толпата и пристигнува на местото на настанот; сметајќи дека Касио е одговорен, го деградира. Дездемона го смирува бесот на Отело. Тој е свесен за заканата за неговата љубов: тој е црнокож маж од непознато потекло, оженет со преубава и богата венецијанска благородничка. Тој се плаши за својата среќа, но Дездемона не се плаши, чувствувајќи само бескрајна љубов кон Отело.

II чин[уреди | уреди извор]

Сала во палатата со поглед на градината. Јаго продолжува со својата интрига. Тој го советува Касио да побара од Дездемона да го смири Отело. Јаго објаснува дека нему одмаздата му е најважна. Се гледа себеси како манипулатор на човечките судбини, бидејќи знае која е најслабата точка на цврстиот Отело - стравот дека ќе ја изгуби љубовта на Дездемона. Тој ја прикажува средбата на Касио и Дездемона во сосема поинакво светло, така што нејзината молба за Касио нему му изгледа како доказ за неверство. Јаго го краде шамивчето на Дездемона, подарокот на Отело на нивната свадба, а кога Отело бара некои докази за неверство, Јаго вели дека го видел тоа марамче во рацете на Касио. Ова го наведува Отело да се заколне на одмазда.

III чин[уреди | уреди извор]

Голема сала на палатата. Кога Дездемона повторно побарала милост од Отело во корист на Касио, Отело ја нарекол курва. Јаго го наведува Касио да зборува за својата љубовница Бјанка, но тој ја раскажува приказната на таков начин што Отело, кој слуша од страна, мисли дека се работи за Дездемона. Кога ќе го здогледа марамчето на Дездемона во неговите раце, се уверува дека е измамен и решава да ја убие. Му наредува на Јаго да се ослободи од Касио и за тоа ќе стане капетан. Доаѓаат венецијански гласници да го повикаат Отело во Венеција; Касио ќе ја преземе неговата функција на Кипар. Отело ја губи контролата врз себе и јавно ја понижува сопругата и ја губи свеста. Јаго триумфира.

IV чин[уреди | уреди извор]

Спалната соба на Дездемона. Дездемона се подготвува да разговара со Отело, кој ќе одлучи за нејзината судбина - живот или смрт. Се сеќава на една стара песна која ја пеела нејзината дадилка и која секогаш ја смирувала. Таа ја пее и полека се свртува кон молитвата, која е една од најубавите арии во опусот на Верди. Отело доаѓа и покрај заклетвите на Дездемона за верност, ја убива. Обидот на Јаго за атентат врз Касио пропаѓа, а неговата жена Емилија ги разоткрива сите негови махинации. Отело, во очај што ја убил својата љубов, се самоубива.

Познати музички нумери[уреди | уреди извор]

  • Una vela! - Бурен хор (I чин)
  • Gia nella notte densa - Љубовен дует на Отело и Дездемона (I чин)
  • Credo in un Dio crudel - Јагова арија (II чин)
  • Dio, mi potevo scagliar - Монологот на Отело (III чин)
  • Ave Maria - Молитвата на Дездемона (IV чин)
  • Niun mi tema- Смртта на Отело (IV чин)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Либрето

Ноти