Расеано ѕвездено јато

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Отворено ѕвездено јато)

Расеано ѕвездено јато (растурено ѕвездено јато) — група од неколку илјади ѕвезди кои се формирани од ист џиновски молекуларен облак, а сè уште се под влијание на гравитацијата меѓу себе. Спротивно, збиено ѕвездено јато е многу силно поврзано со гравитацијата. Растеани ѕвездени јата се пронајдени само во спиралните и неправилните галаксии, каде постои активно ѕвездено групирање. Се смета дека се стари помалку од неколку стотици милиони години: ги пореметуваат блиските контакти со други јата и облаци од гас при нивното орбитирање околу галактичкиот центар, како и губењето на членови од јатото преку други взаемни контакти.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]