Отворени листи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Земји кои користат пропорционална модел со отворени листи заклучно со 2020 година.
  Земји во кои сите партии користат отворени листи

Отворена листа е секоја варијанта на пропорционалниот изборен модел, каде што гласачите имаат одредено влијание врз редоследот по кој се избираат кандидатите од одредена партија. Оваа варијанта е спротивна на пропорционалниот изборен модел со затворена листа, во која само активните членови, партиските функционери или консултанти можат да го одредат редоследот по кој ќе се бираат кандидатите. Покрај ова, моделот со отворени листи им овозможува на гласачите да избираат поединци, наместо партии. Различни системи му даваат на избирачот различно количество влијание. Изборот на гласачот се нарекува преференцијален глас; гласачите обично можат да дадат еден или повеќе преференцијални гласови на кандидатите од отворената листа.

Варијанти[уреди | уреди извор]

Релативно затворен[уреди | уреди извор]

„Релативно затворен“ модел со отворени листи е оној каде што кандидатот мора да ја исполни квотата на гласови за кандидатот да биде избран. (Оваа квота најчесто се пресметува како однос од вкупниот број гласови со бројот на места што треба да се пополнат. Треба да се наведе прецизна цифра, а може да се користат и Харевата квота, или Друповата квота.)

Преку одземање на бројот на кандидати од одредена партија кои ја постигнале оваа квота од вкупниот број на освоени мандати од партијата се добива бројот на неисполнети места. Тие редоследно се распределуваат на највисоко рангираните и сè уште неизбрани кандидати од оригиналната листа на партијата.

Норвешка[уреди | уреди извор]

На парламентарните избори, 50% од гласачите треба да гласаат за одреден кандидат за да го сменат редоследот на партиската листа, што во пракса е речиси невозможно и тоа де факто е затворен модел. На локалните избори има праг од 8%.[1]

Поотворен[уреди | уреди извор]

Во „поотворениот“ модел со отворени листи, изборниот праг е релативно низок. Така (теоретски) е возможно бројот на кандидати од една партија кои ќе го исполнат овој праг (квота) да е поголем од вкупниот број на мандати освоени од партијата. Затоа, однапред треба да се појасни дали првенство во освојување на мандатите има оригиналната партиска листа или апсолутниот број на гласови освоени од кандидатите. Квотата за поединци обично се одредува или како процент од квотата на партиската листа, или како процент од вкупните гласови што ги добила партијата.

Пример: Kвотата е 1000 гласови, а изборниот праг на отворената листа е 25% од квотата, т.е. 250 гласови. Оттука, ако партијата добие 5000 гласови ќе освои пет мандати, кои се распоредуваат на кандидатите од нејзината листа на следниов начин:

Место на кандидатиот
на листата
Преференцијални гласови 25% од квотата Избран
#1 3500 x (прво) x
#2 50 x
#3 150 x
#4 250 x (трето) x
#5 100
#6 100
#7 450 x (второ) x
#8 50
... ...

Кандидатите со реден број 1, 7 и 4 го оствариле изборниот праг од 25% од квотата (250 или повеќе преференцијални гласови). Затоа ги добиваат првите три од петте мандати што ги освоила партијата. Останатите два мандати ќе ги добијат кандидатите 2 и 3, како највисоко рангирани на оригиналната партиска листа. Ова би значело дека кандидатот број 5 не е избран иако е петти на листата и има повеќе преференцијални гласови од кандидатот број 2.

Во пракса, при олку строг праг, само мал број кандидати успеваат да напредуваат на листите, бидејќи потребен е огромен број на гласови. Онаму каде што прагот е помал (на пр. на парламентарните избори во Чешка, потребниот минимум е 5% од вкупниот број на гласови за партијата), резултатите многу често во голема мера се разликуваат од оригиналната листа.

Партиите обично им дозволуваат на своите кандидати да бараат преференцијални гласови од гласачите, но без притоа да водат негативна кампања против другите кандидати на листата.

Најотворен[уреди | уреди извор]

Парламентарните избори во Финска користат метод на отворена листа. Тука, официјалната решетка за постери во центарот на Хелсинки ги прикажува кандидатите и нивните доделени броеви по гласови.

Моделот на „најотворени“ листи е оној каде што апсолутниот број гласови што ги добива секој кандидат во целост го одредува „редоследот на избор“.

Кога се користи таков модел на гласање, може да се каже дека се одржуваат и дополнителни внатрепартиски виртуелни избори со непреносливи гласови (единечни или повеќекратни во зависност од бројот на преференцијални гласови на располагање на избирачите).

Различни земји имаат различни методи за решавање на нерешениот исход меѓу кандидатите. На пример, во Финска тоа се решава со фрлање паричка, додека во Бразил највозрасниот кандидат го добива мандатот.

Наводи[уреди | уреди извор]