Отворена содржина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Отворена содржина, неологизам создаден по аналогија на „отворен код“, опишува каков било вид на креативно дело издадено во формат кој експлицитно дозволува копирање и модифицирање на неговата содржина од било кого, а не само од некоја затворена организација, фирма или лице. Најголемиот проект на отворена содржина во светот е Википедија[1].

Слободна содржина[уреди | уреди извор]

Како во случајот со термините "отворен код" и "слободен софтвер", некои материјали со отворена содржина можат исто така што се опишат како "слободна содржина", иако технички тие опишуваат различни нешта. Проектот Отворен Именик е пример на отворена содржина но не и на слободна содржина. Основната разлика помеѓу лиценците е дефиницијата на поимот слобода: некои лиценци се обидуваат да ја максимизираат слободата за сите идни потенцијални приматели, а други ја максимизираат слободата само на првиот примател.

Common content[уреди | уреди извор]

Поимот Common content се користи за трудови публикувани под лиценцата Creative Commons.

Отворен пристап[уреди | уреди извор]

Поимот „отворен пристап“ се однесува на специјална категорија на материјали, која се состои од т.н. рецензиски-објавени статии до кои пристапот е слободен.

Лиценци[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Schoer, Joachim; Hertel, Guido (2007-12-03). „Voluntary Engagement in an Open Web-based Encyclopedia: Wikipedians, and Why They Do It“. Архивирано од изворникот (PHP) на 2007-10-01. Посетено на 2007-03-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Главни репозитари и именици со отворена содржина[уреди | уреди извор]