Остроготско Кралство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралство на Остроготите
Вазална држава на Византиското Царство

493 – 553
Остроготското Кралство за време на најголемиот подем.
Главен град Равена
(од 493 до 540)
Јазици народен латински, готски
Вероисповед аријанство
халкидонско христијанство
Уредување Монархија
Крал
 -  493–526 Теодорих (прв)
 -  552–553 Теја (последен)
Историски период Доцна антика
 -  Основана 493
 -  Замрела 553
Површина
 -  493 525000 км²

Остроготското Кралство, официјално познато како Кралство Италија (латински: Regnum Italiae),[1] било воспоставено од Остроготите во Италија и соседните области од 493 до 553 година.

Во Италија, Остроготите предводени од Теодорих Велики, го убиле Одоакар. Под власта на Теодорих, првиот крал, Остроготското Кралство го достигнало својот зенит, протегајќи се од Франција на запад до Србија на исток. Теодорих самиот се нарекувал Gothorum Romanorumque rex („Крал на Готите и Римјаните“), демонстрирајќи ја желбата да биде водач на двата народи.

Почнувајќи од 535, Источната Римска (Византиска) Империја на чело со Јустинијан I ја освоила Италија.

Наводи[уреди | уреди извор]