Остров (Русија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Остров ( руски: Остров) е населено место со административен статус на град на запад од европскиот дел на Руската Федерација. Сместен е во западниот дел на Псковската област и административно припаѓа на Островскиот општински реон, кој исто така е административен центар.

Црква Свети Никола во Остров

Според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година, во градот живееле 20 773 жители,и е трет по население во регионот, по Псков и Великие Луки.

Градот се развил од тврдина која се наоѓала на мал остров во коритото на реката Великаја, а само името потекнува од рускиот збор за остров.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Остров се наоѓа во источниот дел на Псковската област, речиси во самиот центар на Островскиот реон. Лежи во централниот дел на Псковската низина, на надморска височина од околу 60 м. Реката Великаја, најважната притока на езерото Псков, тече низ градот. Градот се наоѓа на околу 55 километри јужно од административниот центар на областа градот Псков .

Градот е поврзан со железница со летонскиот Резекне на запад и со Псков на север. Делот од националниот автопат Санкт Петербург - Витебск исто така минува низ градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Полоцка улица во Остров. Фотографија од 1910 година.

Иако точниот датум на основањето на Островот не е познат, се претпоставува дека градот постоел во текот на XIII век . Првите пишани информации за градот датираат од документ од 1341 година во која се споменува одред на војската предводена од островскиот кнез Василиј Онисимович, кој им помогнал на граѓаните на Псков во борбите против Ливонците.

Градот веројатно се развил од тврдината која била изградена на мал остров опкружен со реката Великаја и нејзината притока Слобожих. Тврдината била направена од дрво до средината на 14 век, а потоа дрвените sидови биле заменети со камена тврдина со 5 високи кули. Во 1542 година, во внатрешноста на тврдината е изградена камена црква посветена на Свети Никола. Во текот на средниот век, Остров служел како едно од најважните одбранбени тврдини на псковската земја, и во тој период бил честа мета на напади однадвор. За време на Руско-литванската војна (1500-1503), по долга опсада во текот на 1501 година, ливонската војска успеала за кратко да ја заземе тврдината и да го уништи градот. Во август 1581 година градот, заедно со тврдината, бил целосно уништен од полскиот крал Стефан Батори и останал во границите на полската држава до март 1582 година кога, во согласност со одредбите на Јам-заполскиот мир, бил вратен во Русија.

По полското уништување за време на Ливонската војна, Остров бил напуштен во следните векови и скоро исчезнал од тогашната политичка карта. По крајот на Северната војна на почетокот на XVIII век, градот бил повторно изграден, и економски и стратешки. Во 1719 година Остров станал важен окружен град во Псковската провинција, а од 1777 година и во Псковската губернерија. Првиот градски грб бил официјално усвоен на 28 мај 1781 година. Во истиот период, трговијата цветала во градот, особено трговијата со лен и кожа.

На 28 јануари 1860 година е отворена железница што го поврзувала градот со Псков на север, а на 8ми ноември истата година и делот до Динабург.

Градот бил под германска окупација за време на Втората светска војна, од 7 јули 1941 година до 17 јули 1944 година.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 21 668 жители, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година градот имал 20 773 жители.

Движење на бројот на жителите
1897 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2015 година
6 300 17 603 22 571 26 667 28 842 25 078 21 668 20 773

Поврзано[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]