Остров Рангитата
Островот Рангитата бил долг остров во делтата на реката Рангитата во Кентербери, Нов Зеланд, приближно на половина пат помеѓу Тимару и Ашбертон, Нов Зеланд. Островот бил приближно 17 км долг и околу 5 км широк во најшироката точка.
Еден од најголемите делта острови во земјата, тој бил и единствениот што го преминувал Државниот автопат 1 (на северниот крај на островот) и единственото место каде што автопатот бил вон двата главни острови на земјата. Ист случај бил и со железничката линија. На островот имало и мала станица, затворена во 1962 година.
Понова топографска карта открива дека реката повеќе не тече околу јужната страна на островот, па затоа технички веќе не е остров. Сепак, населбата таму сè уште се вика остров Рангитата, а главната сообраќајница од Државниот автопат 1, патот на островот Рангитата, сè уште го носи тоа име.