Остров Буве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Остров Буве

Bouvetøya  (норвешки)
Зависна територија на Норвешка
Местоположба на островот Буве (заокружен со црвено)
Местоположбата на  Остров Буве  (circled in red, in the Atlantic Ocean)
Суверена држава Норвешка
Анексиран од Норвешкајануари 23, 1928; пред 94 години (1928-01-23)
Зависен статус27 февруари 1930
Прогласен за природен резерват17 декември 1971
УправаЗависна под Уставна монархија
• Крал
Харалд V
• Управуван од
Министерство за правда и јавна безбедност
Површина
• Вкупна
49 км2
• под ледник
93%
Највисока точка
780 м
Население
• Проценка
0
ISO 3166 codeBV
Internet TLD

Островот Буве ( норвешки: Bouvetøya) е ненаселен вулкански остров во јужниот дел на Атлантскиот Океан. Сместен e на јужниот крај од Средноатлантскиот Гребен, со површина од 49 km², 93% од територијата е покриена со ледници. Буве е зависна територија (норвешки: biland) на Норвешка. Тој е еден од најоддалечените острови во светот (по Велигденскиот Остров и островите Тристан да Куња).

Геологија[уреди | уреди извор]

Островот Буве од вселената

Островот Буве е надводен дел од штитест вулкан кој се наоѓа југозападно од Западноиндискиот гребен. Почвата на Буве се состои од базалти и риолити. На северозапад од островот се создала калдера. Последната ерупција на островот се случила пред околу 2000 години.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Островот е именуван по неговиот откривач - Французинот Ж.Б. Буве де Лозие (1705 - 1786), кој го открил островот на 1 јануари 1739 година. Поради маглата мислел дека се работи за `рт, над кој што се наоѓа голема земја (всушност, претпоставувал дека тоа е Непознатата Јужна Земја, наведена на тогашните географски карти). Земјиштето кое што го открил го добило `Рт на Обрежувањето Господово (француски: Cape Circoncision) , а северозападната точка на островот сè уште го носи ова име. Буве погрешно ја одредил географската должина на островот.

Во осумнаесетиот и деветнаесетиот век островот претежно бил истражуван од Британците. Така, во 1772 година, Џејмс Кук пристигнал на местото што го навел Буве, но поради грешката што ја направил, тој не наишол на копно. Во 1808 година, Џејмс Линдзи, капетан на брод за ловење китови, за прв пат точно ги одредил координатите на островот, кој не бил веднаш поистоветен со земјата што ја открил Буве, а некое време се нарекувал „островот Линдзи“. Во декември 1822 година, капетанот Бенџамин Морел, наводно, прв стапнал на островот и таму ловел фоки. На 10 декември 1825 година, капетанот Норис за прв пат стапнал на островот, го прогласил за британска сопственост, по што го нарекол „Остров Ливерпул“, во чест на британскиот премиер Лорд Ливерпул.

Првиот подолг престој на островот се случил во 1927 година: екипажот на норвешкиот брод „Норвешка“ поминал околу еден месец на Буве. На 1 декември 1927 година, водачот на експедицијата Ларс Кристенсен го прогласил островот за норвешки. Со декрет на кралот Хокон VII на 23 јануари 1928 година, Буве бил прогласен за „норвешка територија“. Во 1929 година, Британија се откажала од своите територијални претензии кон Буве. Во 1930 година, Стортингот донел закон со кој островот Буве се прогласува за зависна територија, над која суверенитет има Кралството Норвешка (но островот не бил и дел од кралството). Териториите прогласени за норвешки во доцните 1920-ти го опфаќа таканаречениот „сектор Буве“ - островот на Петар I, вистинскиот остров Буве и соседните територии северно од 60 ° јужна географска ширина.[2] Кралскиот декрет од 1928 година бил оспорен од СССР и САД.[2] Протестот на СССР во нота до владата на Норвешка од 24 јануари 1939 година бил поврзан со фактот дека Норвешка за своја територија, покрај Буве, го прогласила и островот Петар I, откриен од руската експедиција на Белингсхаузен и Лазарев [3] .

Антарктичкиот договор, потпишан во 1959 година, не се однесува на островот Буве (бидејќи се наоѓа северно од 60° ј. ш.).

Развој[уреди | уреди извор]

Буве е еден од најодалечените острови во светот (по Велигденскиот Остров и островите Тристан да Куња). Најблиску до островот (покрај островчињата покрај брегот на самиот остров) е островот Гоф (на околу 1600 км). Најблиското копно од островот Буве - брегот на Антарктикот - е оддалечено 1.700 километри, а Кејп Таун е оддалечен 2.500 километри. На островот има автоматска метеоролошка станица.

Ниту еден човек сè уште не презимил на островот (зимата на јужната полутопка е кога на северната е лето). Освојувањето на островот е многу тешко поради проблемите со пристигнување на експедиции на островот: ледниците го спречуваат слегувањето на јужниот и источниот брег, а стрмните карпи високи до 490 метри го блокираат пристапот на север, запад и југозапад. Најпогоден пристап до островот, кој нема природни пристаништа, е со хеликоптер.

Идентификатори[уреди | уреди извор]

Островот Буве има највисок државен домен на интернет - .bv кој моментално не се користи. Код на земјата е ISO 3166 - 074.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Вулкан Буве“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. (англиски)
  2. 2,0 2,1 А. Фененко. Международное соперничество за освоение общих пространств
  3. Интервью В. В. Лукина («Наука и жизнь»)