Островот (филм од 2000)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Островот - јужнокорејски филм од 2000 година, во режија Ки-дук Ким, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Џунг Су, Јусук Ким и Сунг-хи Парк. Во 2000 година, на Венецијанскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за „Златната палма“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Хи-Џин (ја игра Џунг Су) е нема девојка која работи на едно езеро, каде ги издава и ги одржува рибарските куќички, а повремено се проституира со рибарите. Еден ден, на езерото пристигнува момчето Хјун-Шик (го игра Јусук Ким), кој се крие од полицијата. Меѓу нив се развива привлечност, но кога Хјун-Шик се обидува насилно да води љубов со неа, Хи-Џин успева да побегне. Сепак, набргу една проститутка (ја игра Сунг-хи Парк) започнува да го посетува Хјун-Шик и тогаш кај Џи-Џин се раѓа љубомора. Еден ден, на езерото доаѓа полицијата барајќи го Хјун-Шик. Пред полицијата да дојде во неговата куќичка, тој се обидува да изврши самоубиство, но го спасува Хи-Џин. Тогаш, започнува нивната љубовна врска. По некое време, кога проститутката повторно сака да го посети Хјун-Шик, љубоморната Хи-Џин ја затвора во една куќичка, а потоа ја пушта куќичката да плови низ езерото. Проститутката паѓа во водата и умира, а Хи-Џин го потопува нејзиното мртво тело заедно со скутерот. По некое време, Хјун-Шик сака да ја напушти Хи-Џин, тогаш таа се обидува да изврши самоубиство, а Хјун-Шик се враќа и ѝ го спасува животот. Меѓутоа, еден ден, на езерото доаѓа рибар кому му паѓа часовникот во езерото. Тој повикува нуркачи, а тие го откриваат мртвото тело на проститутката. Џи-Џин и Хјун-Шик ја отпуштаат својата куќичка од сидрото и пловат низ езерото. На крајот од филмот, Хјун-Шик стигнува на брегот, додека мртвото тело на Хи-Џин останува во чамецот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]