Прејди на содржината

Островот на Черепите

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Островот на Черепите“
Плакатот на македонски јазик
РежисерЏордан Вот-Робертс
Продуцент
Главни улоги
МузикаХенри Џекман
КинематографијаЛари Фонг
МонтажаРичард Пирсон
СтудиоLegendary Pictures
Tencent Pictures[1]
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
Премиера10 март 2017 г. (САД)
9 март 2017 г. (Македонија)
Времетраење118 минути[2]
Земја САД
Јазик
Буџет185 милиони долари[3]
Бруто заработка568,6 милиони долари[4]

Островот на Черепите (англиски: Kong: Skull Island, буквално: Конг: Островот на Черепите) — американски филм за чудовишта од 2017 г. во режија на Џордан Вот-Робертс. Филмот е произведен од Legendary Pictures и Warner Bros. Pictures. Тоа е обнова на франшизата „Кинг-Конг“ и вториот филм од франшизата „MonsterVerse“, кој е 11-ти филм во франшизата „Кинг-Конг“. Главните улоги ги толкуваат Том Хидлстон, Семјуел Л. Џексон, Џон Гудман, Бри Ларсон, Џинг Тиан, Тоби Кебел, Џон Ортиз, Кори Хокинс, Џејсон Мичел, Шеј Вигам, Томас Ман, Тери Нотари и Џон Рајли. Сместено во 1973 г., екипа од научници, авантуристи и војници од Виетнамската војна патуваат до непознатиот Остров на Черепите и се среќаваат со Конг, гигантски мајмун што е последен од неговиот вид, проследен со други застрашувачки суштества.[5][6]

Премиерата на филмот во САД била на 10 март 2017 г., а во Македонија на 9 март истата година.[7]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Научници, војници и авантуристи се обединуваат за да го истражат митскиот, непознат остров наречен Остров на Черепите во Тихиот Океан. Одделени од сè познато, тие се впуштаат во царството на моќниот Конг, разгорувајќи ја крајната битка меѓу човекот и природата.

Глумец Улога
Том Хидлстон Џејмс Конрад
Сeмјуел Л. Џексон Престон Пакард
Џон Гудман Вилијам Ранда
Бри Ларсон Мејсон Вивер
Џинг Тиан Сан Лин
Тоби Кебел Џек Чапмен
Џон Ортиз Виктор Нивес
Кори Хокинс Хјустон Брукс
Џејсон Мичел Глен Милс
Шеј Вигам Ерл Кол
Томас Ман Реџ Сливко
Тери Нотари Кинг-Конг
Џон Рајли Хенк Марлоу
  1. Gleiberman, Owen (March 2, 2017). „Film Review: 'Kong: Skull Island'. Variety. Архивирано од изворникот June 2, 2020. Посетено на June 2, 2020.
  2. Kong: Skull Island (12A)“. British Board of Film Classification. Архивирано од изворникот August 2, 2020. Посетено на April 17, 2020.
  3. 'Kong: Skull Island' Hopes To Leave Huge Footprint at Global B.O. In Face Of 'Logan's Wrath“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот November 16, 2018. Посетено на February 16, 2017.
  4. Предлошка:Cite Box Office Mojo
  5. Williams, Trey (March 11, 2017). „Kong: Skull Island is Step 1 in Warner Bros. reboot of 1933 classic as monster franchise“. Market Watch. Архивирано од изворникот June 16, 2018. Посетено на February 26, 2018.
  6. Rabin, Nathan (March 13, 2017). „The Monkey and the Metaphor: What Every King Kong Movie Is Really About“. Vanity Fair. Посетено на February 26, 2018.
  7. Ford, Rebecca (December 12, 2014). „Universal Pushes King Kong Film to 2017, Dates Great Wall Movie for 2016“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот February 8, 2015. Посетено на December 13, 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]