Осоговка
(Пренасочено од Осоговка оро)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Осоговка е народно оро од Кочанско, кое географски потекнува од селата на Осоговските планини.
Тоа е типично темпераментно машко народно оро, со изразито балансирање, потскокнување, доскокнување и остри движења со двете нозе. Се игра со голема екстраваганција и одважност и на одредени моменти со гласни извици на играорците [1]. Карактеристично за орото Осоговка е што во еден момент во играта еден од играорците го подигнува другиот повисоко од своите раменици, за што е потребна извесна умешност и сила.
Целта на ваквите ора била да се прикаже силата на играорците кои го играле, како и нивната ритмичност заради релативно брзиот ритам и разиграни чекори.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
|