Основна запирка
Во математиката и информатиката, основната запирка претставува симбол кој се користи при запишувањето на броеви, со цек да се одвои целобројниот дел (лево од запирката) од дробен дел (десно од запирката). Ова е општ поим што важи за сите бројни основи. При запишувањето на броеви во декадниот систем (со основа 10) основната запирка се нарекува децимална запирка. Во бинарниот систем (со основа 2), таа се нарекува „бинарна запирка“.
Во некои земји, како англојазичните, се користи точка наместо запирка, која може да стои или на основната линија, или во средина.
Примери
[уреди | уреди извор]- Децимално (со основа 10): 13,625
- Во овој пример 13 е цел број лево од основната запирка, а 625 (т.е. 625/1000) е дробниот дел десно од неа.
- Бинарно (со основа 2): 1101,101
- Бинарниот број 1101,101 ги содржи следниве цифри:
на основа 2 | 3 | 2 | 1 | 0 | −1 | −2 | −3 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бинарна цифра | 1 | 1 | 0 | 1 | , | 1 | 0 | 1 |
Затоа, неговата декадна вредност ја пресметуваме вака:
Оттука гледаме дека 1101, што се наоѓа лево од основната зпирка, е бинарна претстава на декадниот број 13. Десно од основната запирка стои 101, што е бинарна претстава на декадната дропка 625/1000 (или 5/8).