Основен приход

Од Википедија — слободната енциклопедија
Изведба во чест на воведувањето на основен приход во Швајцарија. Берн, 2013 г.

Основен приход е предложен систем на социјална заштита кој периодично го обезбедува секој граѓанин со одредена сума пари, која му овозможува на примателот да учествува во општеството со човечко достоинство. Освен државјанството, основниот приход е целосно безусловен. Не постојат критериуми што треба да се исполнат за добивање на основниот приход, односно, него го добиваат како најсиромашните така и најбогатите граѓани на една земја. Дефиницијата на Американската мрежа за гарантиран основен приход гласи: „Гарантираниот основен приход е безусловна гаранција од страна на владата дека сите граѓани ќе имаат доволно приходи за да ги задоволат своите основни потреби.“

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]