Осмерец (веслање)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Осмерец. Екипажот се состои од осум веслачи и кормилар. Секој веслач има по едно весло. Четворица имаат десно, а четворица лево весло.
Осмерците на крајот на трката меѓу Оксфорд и Кембриџ во 2002 година

Осмерец[1][2], ознака 8+чамец за натпреварувачко веслање во мирни води, чиј екипаж се состои од осум веслачи (четворица десни и четворица леви) и кормилар. Кормиларот може да биде сместен во лежечка положба во носот веднаш зад веслачот на број 1 и да гледа во насока на пловење, или на спротивниот крај на чамецот во седечка положба свртен веслачот со број 8 чиј ритам го следат другите веслачи. Во двете позиции, кормиларот го управува чамецот преку рачка поврзан со кормилото со сајли. Кормилото (кај сите чамци) се наоѓа на крајот на пловилото на бродот до јаболката или на самиот врв. Должината на современ осмерец за елитно веслање обично е околу 17 до 20 m, а масата е 96 kg или повеќе. Се изработува од композитни материјали. Постарите чамци се градени од дрво и се значително потешки. Тие можат да бидат изградени во едно парче, или често во два нееднакви делови (што може да биде предност при транспорт).

Ознаката за осмерец е „8+“, каде што бројот 8 го означува вкупниот број на веслачи во чамецот, а плусот покажува дека во чамецот има кормилар како дополнителен член на екипажот. По правило, осмерецот секогаш има кормилар. Постои осмерец без кормилар, но е редок и се користи за егзибиции или тренинзи. Поради големината на чамецот, бројот на веслачи, масата и брзината што ја развива, кормиларот мора да биде присутен и е одговорен за безбедноста на неговиот и на другите чамци. Кормиларот може да има и други задачи како што се координирање на екипажот, контрола на темпото и позицијата во трката. Може да има и микрофон ако чамецот има вградени звучници, за да може посадата подобро да го слуша.

Имајќи ги предвид особините на секој поединечен веслач, можни се различни распореди на т.н. десни и леви веслачи. Вообичаен распоред од веслачот во позиција 8 до веслачот на позиција 1 е наизменично десно, па лево. Така веслачите на парните броеви (2,4,6,8) имаат десни весла, а на непарните (1,3,5,7) леви. Меѓутоа, можни се и различни варијанти. За да се сменат споменатите распореди во чамецот, потребно е да се отстрани постоечката испакнатост (на која има око низ кое минува веслото), а на спротивната страна да се постави друго. Со оглед на непрактичноста на честите промени, најчесто во елитното веслање се прибегнува екипажот да има свој чамец што не го користат други, па го прилагодува на своите потреби и кога таквите нијанси можат да влијаат на резултатот на трката.

На Олимписките игри се натпреваруваат екипи на машки (М8+) и женски (Ж8+) осмерци. Натпреварот на осмерци често се нарекува кралска трка или кралска дисциплина. Ова се најбрзите чамци на веслачките натпревари.

Наводи[уреди | уреди извор]