Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ослободителна Војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац
Ushtria Çlirimtare e Preshevës, Medvegjës dhe Bujanovcit
Учесник во Конфликти во Прешевска Долина
Амблем на ОВПМБ
Период на делување1999–2001
ИдеологијаГолема Албанија
Подрачје на делување„Копнена Безбедносна Зона“, Прешевска Долина, Србија, Југославија
Бројност5.000
Дел одОслободителна војска на Косово
ПретходникОслободителна војска на Косово
СтаналаОслободителна Народна Армија
ПротивнициСрбија

Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, ОВПМБ (албански: Ushtria Çlirimtare e Preshevës, Medvegjës dhe Bujanocit, UÇPMB) — поранешна албанска сепаратистичка милитантно-бунтовничка група која се борела за независност од Федеративната Република Југославија за трите општини: Прешево, Медвеѓа и Бујановац, дом на повеќето Албанци во Јужна Србија, во непосредна близина на Косово.

Униформите на ОВПМБ, процедурите и тактиките наликувале на оние од свежо расформираната Ослободителна војска на Косово (ОВК). Паравоената формација од 1.500 луѓе ги започнале конфликтите во Прешевската Долина кои траеле од 1991 г. до 2001 г. со цел да ги отцепат трите општини од Југославија и да ги присоединат кон протекторатот Косово. Европската Унија ја осудила групата за „екстремизам“ и „терористички акти“.

Историја[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Косовската Војна во 1999 г. три-километарска "Копнена Безбедносна Зона" (Ground Safety Zone) била донесена помеѓу Косово и Србија и Црна Гора управувана од Привремената Администратвна Мисија на Обединетите Нации во Косово. Влез за Вооружените Сили на Србија и Црна Гора бил забранет во зоната, а во неа биле оставени сили на Министерството за Надворешни Работи на Република Србија. Во исклучената зона влегло доминантното албанско село Доброшин но не и Прешево. Косовскиот тероризам се раселил преку гранциите со што поранешни членови на ОВК формирале бази во демилитаризираната зона со што српската полиција морала да престане да патролира во областа за да избегне заседи. Напади исто така биле направени и на етнички албански политичари кои се спротивставувале на ОВК, вклучувајќи го атентатот на Земаил Мустафи, заменик претседателот на гранката на Социјалистичката Партија на Србија на Слободан Милошевиќ во Бујановац.

Помеѓу 21 јуни 1999 и 12 ноември 2000, 294 напади биле евидентирани, 246 во Бујановац, 44 во Медвеџа и шест во Прешево. Овие напади резултирале во 14 убиени луѓе од кои шест биле цивили и осум полицајци, 37 повредени луѓе од кои двајца биле набљудувачи на ОН, тројца цивили и 34 полицајци и пет киднапирани цивили. Во своите напади, ОВПМБ најчесто користела автоматски пушки, митралези, минофрлачи и снајпери а понекогаш и ракетни гранати, рачни гранати и против-тенковски и против-пешадиски мини. Во актите на ОВПМБ учествувале и малолетници. Со тоа што ситуацијата излегувала од контрола, НАТО ѝ дозволила на Вооружените Сили на Србија и Црна Гора да се повлече од демилитаризираната зона на 24 мај 2001, истовремено давајќи ѝ можност на ОВПМБ да се насочат кон Косовските Сили (КФОР), која им ветила дека само ќе им ги земе само оружјата, ќе им ги евидентираат имињата и ќе ги пуштат. Повеќе од 450 припадници на ОВПМБ зеле предност во "заведи и пушти" политиката на КФОР, помеѓу нив и командатот Шефкет Муслиу кој се насочил кон КФОР на контролен пункт покрај КБЗ веднаш по полноќ на 26 мај 2001.

Последици[уреди | уреди извор]

Поранешната ОВК се преселила во западна Македонија каде што ја формирала Ослободителна Народна Армија (ОНА), која го започнала воениот конфликт во Македонија во 2001 година каде што се борела против македонската влада. Али Ахмети ја организирал ОНА преку претходни припадници на ОВК од Косово и Македонија, албански терористи од Прешево, Медвеџа и Бујановац од Србија, млади албански радикалци и националисти од Македонија и странски платеници.

Важни Личности[уреди | уреди извор]

  • Мухамед Џемаили, највисок командант;
  • Ридван Ќазим Леши, втор во команда;
  • Шефкет Муслиу, командант;
  • Пацир Шицри, потпарол;
  • Тахир Далипи, потпарол;
  • Јонузу Муслиу;
  • Мустафа Шакири;
  • Нагип Али;
  • Орхан Реџепи;
  • Лирим Јукупи;
  • Арбен Рамадани.