Осиромашување на озонскиот слоj
Осиромашувањето на озонскиот слој претставува бавен процес на постојано намалување на концентрацијата на озонот во стратосферата на Земјата, во т.н. озонска обвивка, од околу 4% вкупниот волумен во текот на една декада. Од крајот на 1970-тите години, намалувањето на концентрацијата на озонот во стратосферата е многу поголемо во поларните региони - овој феномен се нарекува озонска дупка.
Во механизам на настанување на озонската дупка во поларните региони многу важна улога имаат хлорот и бромот кои го катализираат процесот на разложување на озонот.[1] Главен извор на овие халогени во стратосферата е претставуваат хлорофлуоро карбонатите (се означиуваат како: CFC соединенија). Овие соединенија се нарекуваат фреони.[2]
Литература[уреди | уреди извор]
- ↑ „Part III. The Science of the Ozone Hole“. http://www.atm.ch.cam.ac.uk/tour/part3.html. посет. 5 март 2007 г.
- ↑ „Chlorofluorocarbons (CFCs) are heavier than air, so how do scientists suppose that these chemicals reach the altitude of the ozone layer to adversely affect it?“. http://www.sciam.com/article.cfm?id=chlorofluorocarbons-cfcs. посет. 8 март 2009 г.