Осигурително брокерско друштво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Осигурително брокерско друштво (англиски: Insurance Broker) - трговско друштво кое се занимава со извршување брокерски работи во областа на осигурувањето.

Осигурително брокерски работи[уреди | уреди извор]

Во групата на осигурителни брокерски работи спаѓаат:[1]

  • посредување во договарање на осигурителното покритие на осигурениците
  • посредување при реализирање на отштетни побарувања по остварен осигурен штетен настан
  • снимање ризици
  • посредување при процена на штети
  • посредување при продажба на остатоците од осигурените оштетени предмети
  • воведување мерки за спречување и намалување на штетите и ризиците при неживотно осигурување
  • изработка анализа на ризикот и предлагање соодветно осигурително покритие на осигуреникот
  • информирање на осигурителното друштво за намерата на осигуреникот за склучување договор и запознавање на осигуреникот со условите од полисата и со законските услови
  • посредување во име на осигуреникот при склучувањето договор за осигурување
  • проверка на содржината на полисите за осигурување
  • укажување правна помош во осигурувањето

Осигурителните брокери во Македонија[уреди | уреди извор]

Во 2017 година, во Македонија постоеле 33 осигурително брокерски друштва, кои продале 25,55% од вкупната премија врз основа на осигурителни полиси. Во неживотното осигурување, брокерските друштва учествувале со 20,63% во вкупната премија од полиси, додека нивното учество во животното осигурување изнесувало 53,87%. Во областа на неживотното осигурување, брокерските друштва најногу посредувале во осигурувањето од автоодговорност (43%), потоа во осигурувањето на имотот (11%), во каско-осигурувањето (4%) итн.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Христо Кондовски, „Согласно нивните потреби, на клиентите им ја презентираме најсоодветната понуда за односот покритие/премија“, Економија и бизнис, година 19, број 228, јуни 2017, стр. 68.
  2. Христо Кондовски, „Согласно нивните потреби, на клиентите им ја презентираме најсоодветната понуда за односот покритие/премија“, Економија и бизнис, година 19, број 228, јуни 2017, стр. 68-69.