Осаменоста на простите броеви (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Осаменоста на простите броеви (италијански: La Solitudine dei Numeri Primi) е роман на италијанскиот писател Паоло Џордано, за првпат објавен во 2008 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот претставува медитација за осаменоста, за љубовта и за човечноста. Главни ликови се Аличе и Матија, двајца млади луѓе чиј живот поминува во знакот на осаменоста.[1]

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

Наскоро по објавувањето, романот станал најпродаваната книга за таа година во Италија, а подоцна бил преведен на над триесет јазици. Уште во првата година по објавувањето, тој бил продаден во повеќе од еден милион примероци. Исто така, тој е еден од најнаградуваните италијански романи во првата деценија на 21 век, а ги освоил и двете елитни италијански награди: „Стрега“ (Premio Strega) и „Кампјело“ (Premio Campiello Opera Prima). „Њујорк тајмс“ го опишал романот како „хипнотизирачки портрет на маж и жена“ и како „исклучителна интерпретација на она што би можело да се нарече емоции на субатомско ниво“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 3.
  2. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 3.