Прејди на содржината

Орце Ѓорѓиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Орце Ѓорѓиевски
Градоначалник на Град Скопје
На должноста
Стапил/ -а
6 ноември 2025
Претседател Гордана Сиљановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Данела Арсовска
Градоначалник на Кисела Вода
На должноста
6 ноември 2021  3 ноември 2025
Претседател Стево Пендаровски
Гордана Сиљановска-Давкова
Премиер Димитар Ковачевски
Христијан Мицкоски
Претходник Филип Темелковски
Наследник Бети Стаменкоска-Трајкоска
Член на Советот на Општина Кисела Вода
На должноста
2017–2021
Претседател Ѓорге Иванов
Стево Пендаровски
Премиер Зоран Заев
Димитар Ковачевски
Лични податоци
Роден(а) 5 август 1987(1987-08-05)(38 г.)
СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Партија ВМРО - ДПМНЕ
Образование Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје
Занимање Политичар
Вероисповед Православен Христијанин

Орце Ѓорѓиевски (р. 5 август 1987 ) — македонски политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Град Скопје. Претходно ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. На локалните избори во 2025 година бил избран за градоначалник на Град Скопје.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Образование

[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан I”, оддел за политички студии. Магистратура има во областа на менаџмент на човечки ресурски. Активно зборува англиски јазик. Досега има работено во приватниот сектор.[1]

Политика

[уреди | уреди извор]

Ѓорѓиевски станал член на ВМРО-ДПМНЕ во 2005 година. Ѓорѓиевски својата партиска кариера ја започнал како претседател на МК на УМС. Подоцна станал член на ОК на УМС Кисела Вода, од каде што во 2008 година станала претседател на УМС ОК Кисела Вода и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.[1] Во периодот 2013-2016 година бил член на ИК на УМС ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година бил назначен и за потпретседател на УМС. 2016 година станал претседател на ОК Кисела Вода.

Во 2018 година станал член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. На локалните избори 2017 бил избран за член на Советот на Општина Кисела Вода. За време на парламентарните избори 2020 година, бил назначен за претседател на РИШ за Изборна единица 4.[1] На 17 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Орце Ѓорѓиевски победил во првиот круг и станал градоначалник на Општина Кисела Вода. Тој ја претставувал коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Орце Ѓорѓиевски бил избран за градоначалник на Град Скопје на локалните избори во 2025 година, победувајќи го во вториот круг неговиот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица. Тој го освоил градоначалничкото место со историски најмал број гласови.[2][3][4]

  1. 1 2 3 „Орце Ѓорѓиевски“. ВМРО-ДПМНЕ. Архивирано од изворникот на 11 декември 2021. Посетено на 11 декември 2021.
  2. „ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ СО ОКОЛУ 95 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ ОД 474.000 ИЗБИРАЧИ“. Сакам Да Кажам. 2025-11-02. Посетено на 2025-11-05.
  3. „Орце Ѓорѓиевски стана градоначалник на Скопје со поддршка од 20 отсто од гласачите“. Посетено на 2025-11-05.
  4. Редакција (2025-11-03). „Кој е Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје“. еМагазин. Посетено на 2025-11-05.