Струмски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Орфански Залив)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Струмски Залив
Στρυμονικός κόλπος
Asprovalta panorama.JPG
Поглед на заливот од Аспровалта
Струмскиот Залив на карта
ПодрачјеЕгејска Македонија
Координати40°42′ СГШ; 23°50′ ИГД / 40.7° СГШ; 23.83° ИГД / 40.7; 23.83Координати: 40°42′ СГШ; 23°50′ ИГД / 40.7° СГШ; 23.83° ИГД / 40.7; 23.83
Дел одЕгејско Море
Главни приливир. Струма
Сливни земјиГрција
Најг. длабочина95 м

Струмскиот Залив (грчки: Στρυμονικός Κόλπος) или Орфански Залив (Κόλπος Ορφανού) — залив во Егејска Македонија, во северниот дел на Егејското Море (наречен Тракиско Море). Сместен е источно од полуостровот Халкидик и јужно од Серскиот округ.

Наречен е по реката Струма што се влева во него. Другиот назив го носи по селото Орфан во Кавалскиот округ.

Познајачни населени места крај Струмскиот Залив се Аспровалта, Лонкари, Бешик, Ставрос, Орфан, Враста, Олимпијада, Крушево.

Природна граница на заливот образуваа три планини: Кушница (Пангео) на североисток, Богданска Планина (Кедрилио) на север и Пијавица (Стратони) на југ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]