Оружје за масовно уништување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Оружје за масовно уништување (ОМУ) — нуклеарно, радиолошко, биолошко, хемиско или друг вид оружје што може да убие или да нанесе значајна штета на голем број луѓе или да направи огромна штета на градбите изградени од човекот (на пр. згради), на природните градби (на пр. планини), или на биосферата. Доменот и примената на овој термин се развиваат и се дискутираат, почесто со политичко отколу техничко значење. Образуван во врска со воздушното бомбардирање со хемиски експлозиви, тој ги издвојува оружјата од големи размери на другите технологии, како што се хемиското, биолошкото, радиолошкото, или нуклеарното. Ова прави разлика помеѓу овој термин и оние постручните како што е хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје (ХБРН, анг.CBRN).

Рани употреби на терминот[уреди | уреди извор]

Првата регистрирана употреба на терминот "оружје за масовно уништување" е од Космо Гордон Ланг, Архиепископ од Кантербери, во 1937 год. во врска со воздушното бомбардирање на Герника, Шпанија:

Кој може да размислува во сегашново време без да му се згрози срцето за ужасното убиство, за страдањето, за многукратната мизерија што војната им ги донесе на Шпанија и на Кина? Кој може да размислува без да се ужаси за тоа што друга пространа војна би значела, водена со сите нови оружја за масовно уништување? [1]

Во тоа време, САД (со помош од Западните сојузници) допрва го развиваше и го употреби нуклеарното оружје. Јапонија спроведе истражување за биолошките оружја (види Unit 731),[2] додека, пак, хемиските оружја имаа широка примена, особено во Првата светска војна.

По атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки што ставија крај на Втората светска војна, и напредувајќи во периодот на Студената војна, терминот почна да се однесува повеќе на неконвенционални оружја. Примената на овој термин за посебно нуклеарно и радиолошко оружје го открива Вилијам Сафир во руската фраза "Оружие массового поражения" – oruzhiye massovovo porazheniya (оружје за масовно уништување).

Тој му го припишува на Џејмс Гудбај (од Brookings Institution) откривањето на она што тој го смета за најрана позната употреба на англиски јазик по нуклеарното бомбардирање на Хирошима и Нагасаки (иако не е сосема буквално): соопштение од 15 ноември 1945 год., од средбата на Хари Труман, Клемент Атли и Мекензи Кинг (веројатно подготвено од Ваневар Буш– барем така тврдеше Буш во 1970 год.) се однесуваше на "оружја приспособливи за масовно уништување".

Токму оваа фраза, вели Сафир, ја употребил и Бернард Барух во 1946 год. (во говор во Обединетите Нации, најверојатно напишан од Херберт Бејард Своп).[3] Истата фраза си го најде својот пат до првата резолуција што Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои во јануари 1946 год. во Лондон, кое го употреби збороредот: „...уништување на државното вооружување со атомско оружје и на сите други оружја приспособливи за масовно уништување.“[4] Оваа резолуција ја создаде и Комисијата за атомска енергија (претходник на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА)).

Точната употреба на овој термин се даде во предавањето „Атомската енергија како атомски проблем“ (анг.„Atomic Energy as an Atomic Problem“ од Џ.Роберт Опенхаимер. На 17 септември 1947 год., предавањето се достави до Надворешната служба и Министерството за надворешни работи. Тоа повторно се испечати во The Open Mind (Њујорк: Сајмон и Шустер, 1955 год.).

„Тоа претставува делекусежна контрола што би го отстранила ривалството во оваа област помеѓу нациите, што би го спречила тајното вооружување на една нација против друга, што би обезбедила дополнително време пред атомски напад, спред тоа, најверојатно пред каков било напад со оружје за масивно уништување, и што ќе цели кон отстранување на атомската енергија, во најмала рака како извор на судири помеѓу силите.“.

Терминот е употребен и во енормно влијателниот документ на американската влада познат како NSC-68 напишан во април 1950 год.[5]

Во емитуваната презентација за Кубанската ракетна криза на 22 октомври 1962 год., Џон Ф. Кенеди спомна „офанзивно оружје за ненадејно масовно уништување.[6]

Рана употреба во меѓународен договор на истата фраза е во Договорот за вселената од 1967 год., меѓутоа не беше дадена никаква дефиниција.

Развојот на неговота употреба[уреди | уреди извор]

За време на Студената војна, терминот "оружје за масовно уништување" првично се однесуваше на нуклеарно оружје. Во тоа време, на Западот се користеше еуфемизмот "стратегиско оружје" што се однесуваше на американскиот нуклеарен арсенал, кој претставуваше неопходно средство за одвраќање на Советскиот сојуз од нуклеарен или конвенционален напад (види Заемно загарантирано уништување).

Терминот "оружје за масовно уништување" продолжи периодично да се употребува во ова време, особено во контекст на контрола на нуклеарно оружје; Роналд Реган го употреби за време на Самитот во Рејкјавик, кога се осврна на Договорот за вселената во 1967 год..[7] Наследникот на Реган, Џорџ Х. В. Буш, го употреби терминот во говор до Обединетите нации во 1989 год., првично упатувајќи кон хемиско оружје.[8]

Завршетокот на Студената војна ја намали зависноста на Сад од користењето на нуклеарното оружје како средство за заплашување, што предизвика да го насочи своето внимание кон разоружување. Овој период се совпадна со сè поголемата закана од исламските нации и независните исламски групи за интересите на САД. Со инвазијата на Кувајт во 1990 год. и Заливската војна од 1991 год., посебна грижа на првата аминистрација на Буш беа програмите за нуклеарно, биолошко и хемиско оружје на Ирак.[9] По војната, Бил Клинтон и други западни политичари и медиуми продолжија да го користат терминот, особено кога упатуваа на тековните обиди за укинувње на програмите за оружје на Ирак.[се бара извор]

По нападите на 11 септември во 2001 год. и нападите со антракс во 2001 год., САД и други западни сили ги опфати зголемен страв од неконвенционално оружје и асиметрично војување. Овој страв го достигна својот врв со Кризата за разоружување на Ирак во 2002 год. и наводното постоење на оружје за масовно уништување во Ирак што стана првичното оправдување за инвазијата на Ирак во 2003 год. Меѓутоа, никакво ОМУ не беше пронајдено во Ирак. (Беа пронајдени резерви на хемиска муниција меѓу кои и сарин и хемиски боени отрови, но ништо од тоа не се сметаше дека е во состојба за користење поради корозија.)[10]

Поради својата плодна употреба во овој период, Американското здружение за дијалекти , во 2002 год., го прогласи терминот "оружје за масовно уништување" (и неговата кратенка, "ОМУ") за збор на годината,[11] а во 2003 год., Државниот универзитет Лејк Супериор го додаде ОМУ на својата листа на термини забранети за "погрешна употреба, прекумерна употреба и општа бескорисност".[12]

Во својата Кривична пријава против главниот осомничен за бомбардирањето на бостонскиот маратон на 15 април 2013 год., ФБИ заборува за импровизирана бомба во експрес-тенџере како за "оружје за масовно уништување".[13]

Дефиниција на терминот[уреди | уреди извор]

САД[уреди | уреди извор]

Стратегиско[уреди | уреди извор]

Иако не постои никаков договор или вообичаено меѓународно право што содржи авторитативна дефиниција за "оружје за масовно уништување", најчесто употребувана е дефиницијата на нуклеарно, биолошко, или хемиско оружје (НБХ). Всушност, меѓународното право се користи во однос на одредени категории оружје што спаѓаат во ОМУ, но не се однесува на ОМУ како целина. Иако нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје се сметаат за трите главни видови ОМУ,[14] некои аналитичари тврдат дека и радиолошките материјали како и проектилната технологија и системите за испорака како што се авијацијата и балистичките проектили може да се окарактеризираат како ОМУ.[14]

Кратенките НБХ (за нуклеарно, биолошко и хемиско) или ХБР (хемиско, биолошко, радиолошко) се употребуваат во однос на системите за заштита на оклопни возила во бојно поле, бидејќи и трите содржат притаени отрови кои можат да се пренесат низ воздухот и можат да се заштитат со системите за филтрација на воздухот во возилата.

Сепак, постои аргумент дека нуклеарното и биолошкото оружје не припаѓаат во истата категорија со хемиското оружје и радиолошкото оружје "валкана бомба", кои имаат ограничен потенцијал за уништување (и кој, кога се однесува на својствата, не е близок до ни еден друг), додека, пак, нуклеарното и биолошкото оружје ја имааат уникатната способност да убијат голем број на луѓе со многу мали количини материјал, па така може да се каже дека припаѓаат во сопствена класа.

НБХ дефиницијата се употребува и во официјалните документи на САД, од претседателот на САД,[15][16] Централаната разузнавачка агенција на САД,[17] Министерството за одбрана на САД,[18][19] и Службата за владина одговорност на САД.[20]

Други документи ја прошируваат дефиницијата на ОМУ за да се вклучат и радиолошкото и конвенционалното оружје. Армијата на САД го опишува ОМУ како:

Хемиско, биолошко, радиолошко или нуклеарно оружје со способност за уништување од големи размери или за предизвикување на масивно убивање, а ги исклучува средствата за транспорт или придвижување на оружјето кога таквите средства се одделив и делив дел на оружјето. Тие се нарекуваат и ОМУ.[21]

Ова може да се однесува и на нуклеарните ИЦБМ (меѓуконтинентални балистички проектили).

Значењето на зборовите одделив и делив дел на оружјето е дека проектилите како што се Pershing II и SCUD се сметаат за оружје за масовно уништување, додека авионите со способност за носење на бомби не се сметаат за оружје за масовно уништување.

Во 2004 год., Батлеровиот преглед (анг. Butler Review) на Обединетото Кралство ја призна "значајната и долготрајна академска расправа за соодветното толкување на фразата ‘оружје за масовно уништување’". Комитетот се обидуваше да го избегне општиот термин, но кога го употреби ја примени дефиницијата од Резолуцијата 687 на Советот за безбедност на Обединетите нации, која ги дефинира системите што се бараат од Ирак да ги напушти:

  • "Нуклеарно оружје или употреблив материјал од нуклеарно оружје или какви било подсистеми или компоненти или какво било истражување, развој, поткрепување или произведување на опрема поврзана со [нуклеарно оружје].
  • Хемиско и биолошко оружје и сите залихи на агенси и сите сродни подсистеми и компоненти и цела опрема за истражување, развој, поткрепа и производство.
  • Балистички проектили со дострел поголем од 150 километри и сродни главни делови и опрема за поправка и производство."[22]

Стручњакот за хемиско оружје, Герт Г. Хариге го смета само нуклеарното оружје за вистинско оружје за масивно уништување, бидејќи "единствено нуклеарното оружје е целосно неселективно со неговата моќ на експлозија, радијација на топлина и радиоактивност, и затоа единствено тоа треба да се нарекува оружје за масовно уништување". Тој претпочита да го нарекува хемиското и биолошкото оружје "оружје за терор" кога цел се цивилите, и "оружје за заплашување" за војниците.

Сведоштвото на еден таков војник го искажува истото гледиште.[23] Во текот на неколку месеци во зимата 2002–2003 год., Заменик министерот за Одбрана на САД Пол Вофовиц често го употребуваше терминот "оружје за масовен терор," очигледно препознавајќи ја и разликата помеѓу психолошките и физичките ефекти на многу работи кои во моментот спаѓаат во категоријата на ОМУ.

Густаво Бел Лимус, потпретседател на Колумбија, на 9 јули 2001 год. на Конференцијата за нелегална трговија со стрелачко оружје и Лесно оружје во сите негови аспекти на Обединетите нации, го цитираше во Генералното собрание Милениумскиот извештај на Генералниот секретар на ОН, во кој Кофи Анан кажа дека стрелачкото оружје може да се опише како ОМУ поради смртните случаи што тоа ги предизвикува "ги засенува сите други системи на оружје – и во повеќето години во голема мера го надминува бројот на загинати од атомските бомби што ги опустошија Хирошима и Нагасаки".[24]

Дополнителен услов кој често безрезервно се придодава на ОМУ е дека употребата на оружјето мора да биде стратегиска. Со други зборови, ти би биле наменети "да имаат последици кои во голема мера би ја надминале големината и ефективноста на самото оружје".[25] Стратегиската природа на ОМУ ја дефинира и нивната функција во воената доктрина за целосна војна бидејќи цели кон средствата што една земја би ги употребила за го поткрепи и опреми својот воен напор, особено своето население, индустрија и природни ресурси.

Во американските организации за цивилна заштита, категоријата опфаќа хемиско, биолошко, радиолошко, нуклеарно и експлозивно (ХБРНЕ), што го дефинира ОМУ како:

(1) Секој експлозив, запаливо средство, отровен гас, бомба, граната, или ракета наполнета со повеќе од четири унци [113 g] гас, проектил наполнет со повеќе од една четвртина унца [7 g] експлозив или запаливо средство или мина или направа слична на гореспоменатите. (2) Отровен гас. (3) Секое оружје кое вклучува организам на болест . (4) Секое оружје кое е наменето да ослободи радијација на ниво што е опасно по човековиот живот.[се бара извор]

Воено[уреди | уреди извор]

За општите цели на националната одбрана,[26] Законикот на САД[27] го дефинира оружјето за масовно уништување како:

  • секое оружје или направа што е наменета, или има сопсобност, да предизвика смрт или сериозни телесни повреди на значаен број луѓе преку ослободување, ширење или влијаење на:
    • токсични или отровни хемикалии или нивните претходници
    • организам на болест
    • радијација и радиоактивност[28]

За да го спречи ширењето на оружјето,[29] Законикот на САД го дефинира оружјето за масовно уништување како "хемиско, биолошко и нуклеарно оружје, и хемиски, биолошки нуклеарни материјали кои се користат за производство на такво оружје."[30]

Кривично (цивилно)[уреди | уреди извор]

Кривичното право на САД кое се занимава со тероризам,[31] го дефинира оружјето за масовно уништување како:

  • секоја „направа за уништување“ дефинирана како каков било експлозив, запаливо средство или отровен гас – бомба, граната, ракета што е наполнета со повеќе од четири унци гас, проектил наполнет со повеќе од една четвртина унца експлозив или запаливо средство, мина, или направа слична на која било од направите опишани во претходните клаузили[32]
  • секое оружје кое е наменето или планирано да предизвика смрт или сериозни телесни повреди преку ослободување, ширење или влијаење на токсични или отровни хемикалии, или нивните претходници
  • секое оружје кое вклучува биолошки агенс, токсин или пренесувач на зараза
  • секое оружје кое е наменето да ослободи радијација или радиоактивност на ниво што е опасно по човековиот живот[33]

Дефиницијата на Федералното истражно биро е слична на горепретставената од статутот за тероризам:[34]

  • секоја "направа за уништување" како што е дефинирана во Законикот на САД (УСЦ) Наслов 18 Член 921 (анг. Title 18 USC Section 921): секој експлозив, запаливо средство или отровен гас – бомба, граната, ракета наполнета со повеќе од четири унци гас, проектил наплонет со повеќе од едначетвртина унца експлозив или запаливо средство, мина, или направа слична на која било од направите опишани во претходните клаузили
  • секое оружје кое е наменето или планирано да предизвика смрт или сериозни телесни повреди преку ослободување, ширење или влијаење на токсични или отровни хемикалии или нивните претходници
  • секое оружје кое вклучува организам на болест
  • секое оружје кое е наменето да ослободи радијација или радиоактивност на ниво што е опасно по човековиот живот
  • секоја направа или оружје наменета или планирана да предизвика смрт или сериозни телесни повреди со предизвикување на погрешно функционирање или уништување на авион или друго возило што носи луѓе или на авион или друго возило чие погрешно функционирање или уништување може да предизвика споменатиот авион или друго возило да предизвика смрт или сериозни телесни повреди на луѓе кои можеби се наоѓаат во дострелот на векторот на неговата насока на движење или движењето на неговите остатоци.

Според „18 USC 2332a“, постојат обвинувања и пресуди за поседување и користење ОМУ како што се камион-бомби,[35] цевка-бомби,[36] чевел-бомби[37] и боцки од кактус обложени со биолошки токсин[38].

Како што е дефинирано со „18 USC §2332 (a)“, оружје за масовно уништување е:

  • (А) секоја направа за уништување дефинирана во член 921 од насловот;
  • (Б) секое оружје кое е наменето или планирано да предизвика смрт или сериозни телесни повреди преку ослободување, ширење или влијаење на токсични или отровни хемикалии, или нивните претходници;
  • (В) секое оружје кое вклучува биолошки агенс, токсин или пренесувач на зараза (бидејќи овие термини се дефинирани во член 178 од овој наслов); или
  • (Г) секое оружје кое е наменето да ослободи радијација или радиоактивност на ниво што е опасно по човековиот живот;

Според истиот статут, за заговарање, обидување, заканување или користење оружје за масивно уништување може да се добие затворска казна од каков било временски период или доживотно, а ако е пропратено со смрт, казниво е со смрт или затворска казна од каков било временски период или доживотно. Може и да се побара да се плати максимална казна од $250,000.[39]

На 30 март 2006 год.„The Washington Post“ објави: „Денес, во судскиот процес за смртна казна на Закариа Мусауи, поротниците побараа од судијата да го дефинира терминот 'оружје за масовно уништување' при што им беше кажано дека вклучува и авиони употребени како проектили“. Мусауи беше обвинет и суден за употреба на авиони како ОМУ.

Преживеаниот осомничен за бомбардирањето на бостонскиот маратон, Џохар Царнаев, беше обвинет во април 2013 год. со федерален прекршок за "употреба на оружје за масовно уништување" откако тој и неговиот брат наводно поставиле блиску до крајната цел на бостонската позната трка бомби со суров шрапнел, направени од експресно-тенџере полно со лаѓери и шајки. Неговото наводно терористичко дело резултира со три смртни случаи и најмалку 282 повредени.

Договори[уреди | уреди извор]

Со развојот и употребата на ОМУ раководат неколку меѓународни конвенции и договори, иако сите земји ги намаат потпишано и ратификувано:

Употреба, поседување и пристап[уреди | уреди извор]

Нуклеарно оружје[уреди | уреди извор]

Единствената земја која употребила нуклеарно оружје во војна е САД, која фрли две атомски бомби на јапонските градови Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна. Осум земји изјавиле дека поседуваат нуклеарно оружје и познато е дека го тестирале, од кои само пет се членови на НПТ. Тие осум се Кина, Франција, Идија, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Обединетото Кралство, и САД.

Многу аналитичари сметаат дека и Израел има нуклеарно оружје по бројност во малите стотици, но води официјална политика на нуклеарна двосмисленост, ниту го одрекува ниту го потврдува својот нуклеарен статус. Јужна Африка создаде мал нуклеарен арсенал во 1980-тите год., но во 1990-тите год. го демонтира, што ја направи единствената земја која целосно се откажа од самостојно создаден нуклеарен арсенал. По распаѓањето на Советскиот сојуз, Белорусија, Казахстан и Украина наследија залихи на нуклеарно оружје, но ѝ ги препуштија на Руската Федерација.

Во земјите кои имаат пристап до нуклеарно оружје преку договорите за делење на нуклеарното оружје се вклучуваат Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција. Северна Кореја тврди дека развила и тестирала нуклеарни направи. Иако надворешни извори не можеа категорично да го потврдат нејзиното тврдењето, Северна Кореја официјално е идентификувана дека поседува нуклеарно оружје.

Политиката на САД[уреди | уреди извор]

Заради неговото неселективното влијание, стравот од напад со ОМУ оформи политички начела и кампањи, поттикна општествени движења и е главна тема на многу филмови. Поддршката за различни нивоа на развој и контрола на ОМУ варира на државно и меѓународно ниво. Сепак, не е високо разбирањето за природата на заканите, делумно поради непрецизната употреба на терминот од политичарите и медиумите.

Проект на A-бомба

Стравот од ОМУ, или од заканите намалени со поседувањето на ОМУ, долго се користи за да се катализира јавната поддршка за различни политики за ОМУ. Тие вклучуваат подеднаква мобилизација и на активистите за и на оние против ОМУ, и создавање општоприфатена политичка поддршка. Терминот ОМУ може да се употреби како силен помодарски збор[40] или да создаде култура на страв.[41] Се употребува и двосмислено, особено не разликувајќи ги различните видови ОМУ.[42]

Телевискиката реклама наречена Дејзи (анг. Daisy), која во 1964 год. ја промовираше претседателската кандидатура на демократот Линдон Џонсон, се повика на стравот од нуклеарна војна и беше елемент во идното избирање на Џонсон.

Неодамна, претседателот Џорџ В. Буш ја искористи заканата од потенцијално ОМУ во Ирак како оправдување за инвазијата на Ирак во 2003 год.[43][44] Општо земено, честото спомнување на ОМУ на Ирак се сметаше за дел од аргументите на претседателот Буш.[42] Тврдењето дека Ирак поседува оружје за масовно уништување (ОМУ) доведе до инвазијата на Ирак во 2003 год. од силите на коалицијата.

Од 2003 год., низ Ирак се пронајдени над 500 муниции кои содржат хемиски отровни агенси и гас сарин, произведени во 1980-тите и кои веќе не можат да се користат како што првично биле наменети.[45]

Во 2004 год., полските трупи нашле деветнаесет ракетни боеви глави од периодот на 1980-тите, спречувајќи обид на милитантите да ја купат секоја за $5000. Некои од ракетите содржеле крајно влошени нервни агенси.[46]


Восприемање на јавноста[уреди | уреди извор]

Сознанието и размислувањата за ОМУ варираа во текот на неговата историја. За различни луѓе, заканата од него е извор на загриженост, безбедност и гордост. Движењето против ОМУ најмногу е отелотворено во нуклеарно разоружување, и во 1957год. доведе до формирање на британската Кампања за нуклеарно разоружување.

Со цел да се зголеми сознанието за сите видови ОМУ, во 2004 год., нуклеарниот физичар и добитник на Нобелова награда за мир, Џозеф Ротблатго поттикна создавањето на Програма за сознание на ОМУ[47] за да обезбеди веродостојни и современи информации за ОМУ во светот.

Во 1998 год., Институтот за јавна политика при Универзитетот во Ново Мексико го издаде својот трет извештај[48] за восприемањата на САД – вклучувајќи ја пошироката јавност, политичарите и научниците – за нуклеарното оружје по распаѓањето на Советскиот сојуз. Ризиците од нуклеарен судир, ширење и тероризам се сметаа за суштински.

Додека важноста на одржувањето на нуклеарниот арсенал на САД се сметаше за натпросечна, имаше широкораспространета поддршка за намалување на залихите и многу мала поддршка за развивање и тестирање на нови нуклеарни оружја.

Исто така во 1998 год., но откако се спроведе истражувањето на УНМ (Универзитетот во Ново Мексико), за време на изборите во Индија, во март, се покрена прашање за нуклеарното оружје,[49]во однос на политичките тензии со соседен Пакистан. Пред изборите, Bharatiya Janata Party (Индиската народна партија) (БЈП) изјави дека откако ќе дојде на власт ќе ја „прогласи Индија за нуклеарна држава“.

БЈП победи на изборите , па на 14 мај, три дена откако Идија по втор пат тестираше нуклеарно оружје, анкетата за јавното мислење објави дека повеќето Индијци ја одобруваат нуклеарната подготовка на земјата.[се бара извор]

На 15 април 2004 год., Програмата за меѓународни политички односи (ПИПА) објави[50] дека граѓаните на САД покажаа загриженост на високо ниво во однос на ОМУ и дека спречувањето на ширењето на нуклеарното оружје треба да биде „важна цел за надворешната политика на САД", која попрво ќе се постигне преку мултилатерална контрола на оружје отколку со употреба на воени закани.

Исто така, мнозинството мислеше дека САД треба да биде повеќе на располагање со своето биолошко истражување и својата посветеност на Договорот за неширење на нуклеарно оружје за намалување на нуклеарното оружје, и погрешно мислеше дека САД претставуваше страна во различни договори за неширење.

Анкетата за мислење на Русите која се спроведе на 5 август 2005 год. покажа дека половина од населението мисли дека новите нуклеарни сили имаат право да поседуваат нуклеарно оружје.[51] 39% од нив мислат дека руските залихи треба да се намалат, но не целосно да се уништат.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводии[уреди | уреди извор]

  1. "Archbishop's Appeal," Times (London), 28 December 1937, p. 9.
  2. „Biological Weapons Program – Japan“. Fas.org. конс. 5 August 2010. 
  3. "Weapons of Mass Destruction", New York Times Magazine, 19 April 1998, p.22. Retrieved 24 February 2007.
  4. „UNODA - Nuclear Weapons Home“. Un.org. конс. 14 May 2012. 
  5. „NSC-68 United States Objectives and Programs for National Security“. Fas.org. конс. 5 August 2010. 
  6. Kennedy JF (1962-10-22). Televised remarks to the American people re "the Soviet military buildup on the island of Cuba"
  7. CNN Cold War – Historical Documents: Reagan-Gorbachev transcripts“, Web.archive.org, 18 мај 2008 (посет. 14 мај 2012 г).
  8. Excerpts From Bush's Speech at the Opening of the U.N. General Assembly –“, „New York Times“, 26 септември 1989 (посет. 5 август 2010 г).
  9. By MICHAEL WINES, Special to The New York Times. „Confrontation in the Gulf; U.S. Explores New Strategies to Limit Weapons of Mass Destruction –“, „New York Times“, 30 септември 1990 (посет. 5 август 2010 г).
  10. Munitions Found in Iraq Meet WMD Criteria, Military.com, report filed by American Forces Press Service, 29 June 2006
  11. „American Dialect Society“. Americandialect.org. 13 January 2003. конс. 5 August 2010. 
  12. „Lake Superior State University:: Banished Words List:: 2003“. Lssu.edu. конс. 5 August 2010. 
  13. Criminal Complaint United States vs Dzhokhar Tsarnaev“, „The Washington Post“ (посет. 23 април 2013 г).
  14. 14,0 14,1 Weapons of Mass Destruction Hampshire College
  15. [1]Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  16. „Weekly Compilation of Presidential Documents Volume 37, Issue 19 (May 14, 2001)“ (PDF). Frwebgate.access.gpo.gov. конс. 14 May 2012. 
  17. CIA Site Redirect – Central Intelligence Agency
  18. [2]Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  19. [3]Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  20. „Weapons of Mass Destruction: State Department Oversight of Science Centers Program“ (PDF). конс. 5 August 2010. 
  21. „Department of Defense Dictionary of Military and Associated Terms“. Dtic.mil. 12 April 2001. конс. 5 August 2010. 
  22. Review of Intelligence on Weapons of Mass Destruction: Report of a Committee of Privy Counsellors (HC 898), London: The Stationery Office, 2004, §14.
  23. „A Soldier's Viewpoint on Surviving Nuclear, Chemical and Biological Attacks“. Sightm1911.com. конс. 5 August 2010. 
  24. „Colombia“. Web.archive.org. 2 September 2007. Архивирано од изворникот на 2 September 2007. конс. 14 May 2012. Шаблон:Dead link 2013.06.08
  25. What makes a weapon one of mass destruction? – Times OnlineАрхивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  26. „US CODE: Title 50—War and National Defense“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. конс. 5 August 2010. 
  27. „US CODE: 50, ch. 40—Defense Against Weapons of Mass Destruction“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. конс. 5 August 2010. 
  28. „US CODE: 50, ch. 40, § 2302. Definitions“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. конс. 5 August 2010. 
  29. „US CODE: 50, ch. 43—Preventing Weapons of Mass Destruction Proliferation and Terrorism“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. конс. 5 August 2010. 
  30. „US CODE: 50, ch. 43; § 2902. Definitions“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. конс. 5 August 2010. 
  31. „US CODE: Chapter 113B—Terrorism“. .law.cornell.edu. 28 June 2010. конс. 5 August 2010. 
  32. „US CODE: Title 18, § 921. Definitions“. .law.cornell.edu. 13 September 1994. конс. 5 August 2010. 
  33. „US CODE: Title 18, § 2332a. Use of weapons of mass destruction“. .law.cornell.edu. 28 June 2010. конс. 5 August 2010. 
  34. „What is A Weapon of Mass Destruction“. Fbi.gov. 30 March 2007. конс. 5 August 2010. 
  35. „8/95 Grand Jury Indictment Of McVeigh & Nichols“. Lectlaw.com. конс. 5 August 2010. 
  36. „FindLaw for Legal Professionals – Case Law, Federal and State Resources, Forms, and Code“. Caselaw.lp.findlaw.com. конс. 5 August 2010. 
  37. „U.S. v. Richard C. Reid“ (PDF). конс. 5 August 2010. 
  38. The Free Lance-Star - Jul 14, 1998
  39. [4]
  40. „David T. Wright – Weapons of mass distraction“. Thornwalker.com. 13 April 1998. конс. 5 August 2010. 
  41. „Weapons of Mass Destruction Are Overrated as a Threat to America: Newsroom: The Independent Institute“. Independent.org. 28 January 2004. конс. 5 August 2010. 
  42. 42,0 42,1 [5][мртва врска]
  43. „Weapons of mass deception – SourceWatch“. Sourcewatch.org. конс. 5 August 2010. 
  44. „War Pimps, by Jeffrey St. Clair [Weapons of Mass Deception: The Uses of Propaganda in President Bush's War on Iraq, by John Stauber and Sheldon Rampton]“. Theava.com. 13 August 2003. конс. 5 August 2010. 
  45. Munitions Found in Iraq Meet WMD Criteria, Official Says“ (посет. 1 април 2014 г).
  46. Troops 'foil Iraq nerve gas bid'“, BBC, 2 јули 2004 (посет. 7 декември 2007 г).
  47. wmdawareness.org.uk
  48. John Pike. „Sandia National Laboratories – News Releases“. Globalsecurity.org. конс. 5 August 2010. 
  49. John Pike. „17 Days in May – India Nuclear Forces“. Globalsecurity.org. конс. 5 August 2010. 
  50. „The Pipa/Knowledge Networks Polll“ (PDF). Web.archive.org. 29 September 2005. Архивирано од изворникот (PDF) на 29 September 2005. конс. 14 May 2012. 
  51. Russian public opinion on nuclear weapons (5 August 2005). „Russian public opinion on nuclear weapons – Blog – Russian strategic nuclear forces“. Russianforces.org. конс. 5 August 2010. 

Библиографија[уреди | уреди извор]

Дополнително[уреди | уреди извор]

Дефиниција и потекло[уреди | уреди извор]

Меѓународно право[уреди | уреди извор]

Медиуми[уреди | уреди извор]

, by Susan D. Moeller, Center for International and Security Studies at Maryland, 2004.

Етика[уреди | уреди извор]

Восприемања на јавноста[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]