Орторомпски кристален систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Орторомпски кристален систем — еден од седумте кристални системи во кристалографијата. Ваквите кристални решетки произлегуваат од истегнување на коцкеста решетка долж два од неговите ортогонални пара во различни фактори, добивајќи правоаголна призма со правоаголна основа (a по b) и висина (c), така што a, b и c се различни. Сите три основи се сечат под прави агли (90°), поради што трите решеткени вектори остануваат ортогонални (взаемно нормални).

Бравеови решетки[уреди | уреди извор]

Правоаголни наспроти ромпски единични ќелии за дводимензионалните орторомпски решетки. Замената на центрираноста со промената на единичната ќелија важи и за истото во три димензии.

Дводимензионални[уреди | уреди извор]

Во две димензии постојат две орторомпски Бравеови решетки: примитивна правоаголна и центрирана правоаголна.

Бравеова решетка Квадратна Центрирана правоаголна
Пирсонов симбол op oc
Стандардна
единична ќелија
2d op rectangular.svg 2d oc rectangular.svg
Ромпска
единична ќелија
2d op rhombic.svg 2d oc rhombic.svg

Примитивната правоаголна решетка може да се опише и како центрирана ромпска единична ќелија, додека пак центрираната правоаголна решетка може да се опише и како примитивна ромпска единична ќелија. Должината на долниот ред не е иста како на горниот. За првиот столб погоре, на вториот ред е еднакво на на првиот ред, а за вториот столб тој е еднаков на половина од тоа.

Тридимензионална[уреди | уреди извор]

Во три димензии постојат четири орторомпски Бравеови решетки: примитивна, основоцентрирана, телоцентрирана и страноцентрирана.

Бравеова решетка Примитивна
орторомпска
Основоцентрирана
орторомпска
Телоцентрирана
орторомпска
Страноцентрирана
орторомпска
Пирсонов симбол oP oS oI oF
Стандардна
единична ќелија
Орторомпска, проста Орторомпска, основоцентрирана Орторомпска, телоцентрирана Орторомпска, страноцентрирана
Правоаголна
ромпскопризмена
единична ќелија
Правоаголна ромпска призма, основоцентрирана Правоаголна ромпска призма, проста Правоаголна ромпска призма, страноцентрирана Правоаголна ромпска призма, телоцентрирана

Во орторомпскиот систем има ретко употребуван втор избор на кристална оска која дава единична ќелија во рамките на облик на правоаголна ромпска призма;[1] може да се конструира бидејќи правоаголниот дводимензионален основен слој може да се опише и со ромпски оски. Во оваа осна поставеност, примитивните и основоцентрираните решетки си ја заменуваат центрираноста, а истото се случува и со телоцентрираните и страноцентрираните решетки. Должината на во долниот ред не е иста како во горниот, како што може да се види од илустрациите на дводимензионални решетки. За првиот и третиот столб погоре, на вториот ред е еднаков на на првиот ред, а за вториот и четвртиот ред тој е еднаков на половина од тоа.

Кристални класи[уреди | уреди извор]

Подолу се наведени точкените групи кои спаѓаат во овој кристален систем заедно со нивните претставувања според разни записи и примери на такви минерали.[2]

Бр. Точкена група Вид Пример Просторни групи
Назив[3] Шен. Меѓун. Орб. Кокс.  Примитивна Основоцентрирана Страноцентрирана Телоцентрирана
16–24 Ромпски дисфеноидна D2 (V) 222 222 [2,2]+ енантиоморфна епсомит P222, P2221, P21212, P212121 C2221, C222 F222 I222, I212121
25–46 ромпски пирамидална C2v mm2 *22 [2] поларна хемиморфит, бертрандит Pmm2, Pmc21, Pcc2, Pma2, Pca21, Pnc2, Pmn21, Pba2, Pna21, Pnn2 Cmm2, Cmc21, Ccc2
Amm2, Aem2, Ama2, Aea2
Fmm2, Fdd2 Imm2, Iba2, Ima2
47–74 ромпски двопирамидална D2h (Vh) mmm *222 [2,2] центросиметрична оливин, арагонит, марказит Pmmm, Pnnn, Pccm, Pban, Pmma, Pnna, Pmna, Pcca, Pbam, Pccn, Pbcm, Pnnm, Pmmn, Pbcn, Pbca, Pnma Cmcm, Cmca, Cmmm, Cccm, Cmme, Ccce Fmmm, Fddd Immm, Ibam, Ibca, Imma

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Погл. Hahn (2002), стр. 746, ред oC, столб Primitive, каде ќелијните параметри се дадени како a1 = a2, α = β = 90°
  2. Prince, E., уред. (2006). International Tables for Crystallography. International Union of Crystallography. doi:10.1107/97809553602060000001. ISBN 978-1-4020-4969-9.
  3. „The 32 crystal classes“. Посетено на 19 јуни 2018.