Ортогонална проекција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ортогонална проекција – главниот начин на претставување на предметите, деловите, објектите, машините итн. на технички цртежи. Од гледна точка на линеарната алгебра и функционалната анализа, проекцијата е линеарно пресликување P од векторскиот простор во себе, така што P2 = P. Таа ја остава сликата непроменета. Иако апстрактна, оваа дефиниција на проекцијата ја формализира идејата за графичка проекција.

Погледи[уреди | уреди извор]

Кај ортогоналната проекција, сите точки на предметот се проектираат ортогонално (нормално-под прав агол - 90°) на три проекциски рамнини:

  • V – вертикална
  • H – хоризонтална
  • P – профилна

На овој начин се добиваат три слики кои го дефинираат предметот. Овие слики се нарекуваат погледи.

На вертикалата се проектира предниот поглед, на хоризонталатапогледот од дното, а на профилотпогледот од левата страна. Трите профилни рамнини се просторниот координатен систем, кој се ротира со одредена оска и се сведе на рамнински. Со ортогоналната проекција, во извесна смисла, просторот се претвора во рамнина. Поради оваа причина, ортогоналната проекција е најсоодветна за цртање на предмети на технички цртежи.

Шест погледи се можни, но во пракса се споменати трите најчесто користени. Како по правило, предметот е застапен во технички цртеж само со доволен број прегледи.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Maynard, Patric (2005). Drawing distinctions: the varieties of graphic expression. Cornell University Press. ISBN 978-0-8014-7280-0.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]