Ортаќој (Кожанско)
Ортаќој Πλατανόρρευμα | |
---|---|
![]() Поглед на селото | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°12′N 22°1′E / 40.200°N 22.017°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Серфиџе |
Општ. единица | Серфиџе |
Надм. вис. | 485 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 864 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ортаќој или Орта Ќој (грчки: Πλατανόρρευμα, Платаноревма; до 1928 г. Ορτά Κιόι, Орта Ќој[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 864 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во мала котлина во подножјето на Пиериските Планини, на 3 км североисточно од гратчето Серфиџе и околу 7 км југозападно од Велвендо, на надморска височина од 485 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Ортаќој било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пано Ортаќој е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 10 куќи, Като Ортаќој со 11 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Долно (Като) и Горно (Ано) Ортаќој (Ορτάκιοϊ Κάτω και Άνω) живееле 150 Грци христијани.[5]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 144 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 115 лица.[3]
Во 1924 г. по потпишувањето на Лозанскиот договор во селото се населило 1 семејство (вкупно 5 бегалци), кои се погрешно заведени како вкупното селско население во пописот од 1928 г.[3][6] Во 1928 година, името на селото било променето во Платаноревма (Πλατανόρρευμα).[2]
По крајот на Втората светска војна во Ортаќој се доведени семејства од планинското село Мацкохори, поради што населението се накачило на 1.161 жител во 1951 г., а 1.359 жители во 1961 г.[3]
Име | Име | Ново име | Ново име[7] | Опис[8] |
---|---|---|---|---|
Бигла | Βίγλα | Папарахи | Παπαράχη | врв на ИСИ од Ортаќој (725,6 м) |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 242 | 1.161 | 1.359 | 1.223 | 1.191 | 1.112 | 1.061 | 1.004 | 864 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 35 квадратни километри.[3] Општината Ортаќој била приклучена во општината Серфиџе во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе.
Селото припаѓа на општинската единица Серфиџе со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ортаќој, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Личности
[уреди | уреди извор]Родени во Ортаќој
- Георгиос Папастамос (р. 1955) — грчки политичар во редовите на Нова Демократија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 февруари 2025.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. И дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 322.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 59.
- ↑ Σπανός, Κώστας (2004), Η απογραφή του 1904 του Σαντζακίου (грчки), Θεσσαλονίκη: University Studio Press, стр. 516, ISBN 9789601212951 Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help) - ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2012-06-30
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1053. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
|