Орнитогалум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орнитогалум
Ornithogalum umbellatum
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Monocotyledoneae
Ред: Asparagales
Семејство: Hyacinthaceae
Род: Ornithogalum
L.
Видови

Во текстот.

Орнитогалум (лат. Ornithogalum) или птичје млеко е име на единствениот род од племето Ornithogaloideae од подфамилијата Scilloideae. Ботаничкото име на ова племе е изведено од грчките зборови ornis што значи птица и gala што означува млеко. Орнитогалумот е распространет во Европа, Западна Азија и Африка.

Опис[уреди | уреди извор]

Орнитогалумите се многугодишни тревести растенија. Тие се отровни (содржат карденолиди од типот на конвалатоксин и конвалозид). [1]Овие геофити образуваат луковици. Неколкуте базални листови се едноставни, тревести и меснати. Лисните рабови можат да бидат мазни или влакнести.

Две или повеќе цветови се наоѓаат заедно во вид на гроздести соцветија. Во соцветијата се среќаваат мали мембранозни прицветни листови (брактеи). Цветовите се хермафродитни и радијално симетрични. Постојат шест прашници и три споени плодни листови кои образуваат шестделен плодник. Столпчето е кратко со едно- или триделна стигма. Во капсулестите плодови созреваат сферични или јајцевидни семиња.

Видови[уреди | уреди извор]

Родот се состои од околу 200 видови (34 во Европа).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Опис на флората на Северна Америка. (на англиски)