Орловица (Ракотинци)
„Орловица“ | |
| Местоположба | 41°55′33″N 21°25′40″E / 41.92583°N 21.42778°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Ракотинци |
| Општина | Сопиште |
| Тип |
|
| Период | неолитско време |
| бронзено време | |
| железно време | |
| Портал „Археологија“ | |
Орловица — археолошко наоѓалиште во скопското село Ракотинци, Општина Сопиште. Претставува населба од неолитското, бронзеното и железното време, што сведочи за мошне раната населеност на ова место. Јован Трифуноски забележал предание меѓу месното население, во кое постои сеќавање дека на ова место постоел „град“ (градиште).[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа на 2,5 км југоисточно од Ракотинци и на 2 км источно од с. Добри Дол, на самата атарска граница помеѓу овие две села. Лежи на мала висорамнина образувана на миоценско седло.[2]
Наоди
[уреди | уреди извор]На површина од околу 2 ха се пронајдени многубројни остатоци од керамика, камен, коска и куќен лепеж. По површината на плитко ораните ниви преовладуваат остатоци од бронзеното и железното време, додека кај подлабоко ораните ниви се забележува конгломерација на наоди од неолитското време.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.131
- 1 2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 381. ISBN 9989-649-28-6.
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од неолитско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од бронзено време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Ракотинци
- Археолошки наоѓалишта во Општина Сопиште
- Археолошки наоѓалишта во Скопско
