Орлаковите раце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сцена од австрискиот филм Орлаковите раце, 1924 година

Орлаковите раце (германски: Orlacs Hande) е австриски хорор нем филм од 1924 година во режија на Роберт Вине и во овој филм глумат глумците Конрад Вајдт,Александра Сорина и Фриц Кортнер. Заплетот во филмот е заснован на приказната Лес Мајнс д'Орлак напишана од страна на Морис Ренард. Музиката во филмот е создадена од Пјер Осер. Филмот трае 90 минути и бил достапен на германски, англиски и француски јазик.

Заплет[уреди | уреди извор]

Пианистот Паул Орлак ги губи своите раце во страшна железничка несреќа.Неговата жена, Ивона,разговара со еден хирург и со него се договара да ги спасат Орлаковите раце. Хирургот врши пресадување на раце. Рацете кои ги добива Орлак се од убиец кои скоро бил погубен кој се викал Восер. Откако Паул ќе дознае за ова, се соочува со хорор. Тој е измачуван од појавата на нож во неговата куќа, нож кој бил ист како оној кој го користел Восер, и од неговата голема желба да убива. Орлак верува дека заедно со рацете, ја наследил и склоноста кон насилство која ја имал Восер. Затоа оди и му го кажува ова на хирургот и го замолува да му ги извади рацете, но хирургот одбива велејќи му дека рацете не може да влијаат како тој ќе се однесува и дека тоа можат да го прават само срцето и разумот. Новите раце на Орлак не можат да свират на пијано, па по одредено време брачниот пар останува без пари. Даден им е рок од само уште еден ден да ги платат сите сметки. Ивона оди кај таткото на Паул за да му побара пари, но е одбиена од негова страна. Подоцна самиот Паул оди да разговара со својот татко, но го наоѓа избоден до смрт со истиот нож кој го поседувал Восер. Орлак почнува да мисли дека лично тој го извршил убиството и оди во кафуле. Во кафулето се среќава со човек кој тврди дека е Восер. Овој човек му кажува на Паул дека истиот оној хирург кој нему му ги наместил рацете, му ставил нова глава на Восер. Исто така му бара пари доколку сака да не се дознае за убиството. Во меѓувреме полицијата наоѓа отисоци од прсти на Восер на местото на злосторството и ова доведува до забуна. Брачниот пар заминува во полиција и таму објаснува за Орлаковите раце и исто така Паул вели дека не може ништо да се сети за убиството на неговиот татко. Исто така им раскажува за човекот кој тврди дека е Восер и за уцената од негова страна и одземаните пари. На крајот се дознава дека всушност човекот од кафулето бил обичен измамник кој и бил добро познат на полицијата. Орлаковиот куќен помошник и кажува на полицијата дека тој му бил пријател на Восер и дека тој направил ракавици на кој ќе има отисоци од прстите на Восер. Овие ракавици биле искористени при извршувањето на убиството.

Поважни улоги[уреди | уреди извор]

Продукција[уреди | уреди извор]

Филмот е заснован на книгата напишана од страна на Морис Ренард која го имала истиот наслов на француски јазик(Les Mains d'Orlac). Овој филм бил еден од првите филмови во кои бил застапен мотивот рацете да дејствуваат по нивна желба, независно дали тие биле раце прикачени на нечиво тело. Исто така можеме да го забележиме тогашниот голем страв кој го имале луѓето од хируршките пресадувања, во време кога овие пресадувања сè уште биле невозможни. Филмот се снимал во студио во Виена и бил сниман од страна на продукциската компанија Пан-Филм. Премиерата на филмот била во Австрија на 6 Мај 1924 година. Подоцна за првпат филмот во Германија бил прикажан во кино во Берлин на 24 Септември 1924 година. Во Америка филмот бил прикажан дури во 1928 година.