Ориониди
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Општо
[уреди | уреди извор]Ориониди е името на еден од најактивните метеорски дождови поврзани со Халеевата Комета е. Тие го добиле своето име бидејќи се чини дека доаѓаат од светли точки што лежат во соѕвездието Орион. Орионидите се метеорски дожд кој трае околу една недела, на крајот од октомври. Максимумот на дождот во 2009 година се беше околу 21 октомври,и се избројани од 20 до 25 метеори на час во северната полутопка, и двојно од оваа сума во јужната полутопка. Јапонските научници велат дека ова се должи на тоа што кометата минува низ стари остатоци што предизвикува покачена активност која трае неколку ноќи, на датумите 21, 22 и 23 октомври видливоста е најдобра. Бил Кук од службата на НАСА за заштита од метеори вели дека во последните три години метеорскиот дожд Ориониди има активност со повеќе од 60 метеори на час и создавање на "огнени топки" видливи без телескоп или двоглед.Во 2006 и 2007 година метеорските дождови беа спектакуларни со активност од над 50-70 метеори на час во текот на 2-3 ноќи со невообичаено светли метеори во 2006 година.Овој метеорски дожд е сензационален во споредба со метеорскиот дожд Лео Минориди кој кулминираше на 23 октомври 2009 година, со два метеори на час.
Историја на набљудување
[уреди | уреди извор]Метеорските дождови кои прво биле наречени "ѕвезди што паѓаат" се поврзани со комети во 1800 година. Е.К Херик во 1839 и 1840 извршил набљудувања на активноста присутна на октомвриското ноќно небо. Сепак A.С. Хершел го објавил првиот документиран запис во кој наведува точни предвидувања за следниот метеорски дожд. Метеорскиот дожд Ориониди се група на Метеороиди со потекло од зрна прашина исфрлена од добро-познатата Халеева Комета, која е именувана по астрономот Едмунд Халеј и последен поминала низ внатрешниот Сончев Систем во 1986 година во својата 75-до-76-годишна орбита.Кога кометата поминува низ Сончевиот Систем, сонцето топи дел од мразот при што овозможува делови од карпи да се одделат од кометата. Овие честички продолжиуваат по траекторијата на кометата и се појавуваат како метеори или "ѕвезди што паѓаат", кога тие патуваат низ горните слоеви од атмосферата на Земјата.Халеевата Комета исто така е причина за создавањето на метеорскиот дожд ЕТА Аквариди кои се јавуваат секоја година во мај.
Година | Период на Активност | |
---|---|---|
1839 | од 8 до 15 октомври | |
1864 | од 18 до 20 октомври | |
1981 | од 18 до 21 октомври | 23 октомври - 20 метеори на час |
1984 | од 21 до 24 октомври | од 21 до 24 октомври (фиксен максимум) |
2006 | од 2 октомври до 7 ноември | од 21 до 24 октомври - 109 метеори на час |
2007 | од 20 до 24 октомври | 21 октомври - од 20 до 60 метеори на час |
2008 | од 15 до 29 октомври | од 20 до 22 октомври - 40 метеори на час |
2009 | од 18 до 25 октомври | 22 октомври - од 10 до 20 метеори на час |
Како да ги видите Орионидите
[уреди | уреди извор]Одете надвор, најдете темно место и погледнете на југоисток во близина на соѕвездието Орион.
Најдобро време за да ги видите Орионидите е од околу полноќ до раните утрински часови. Тие се брзи и понекогаш светли со опашки. Би требало да видите 30 метеори за еден час или повеќе за време на максимумот. Метеорскиот дожд Ориониди е активен од 2 октомври до 7 ноември.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Орионид.
-
Перспектива "рибино око".
-
Два Ориониди и Млечниот Пат.
-
Разнобоен орионид.
-
Орионид(лево).
-
Најсветлиот метеор,огнена топка, остава трага од чад која се гледа на десната страна на сликата.