Орден „За заслуга“ (Бугарија)
„За заслуга“ — висок орден во Бугарија, издаден за прв пат на 5 април 1883 година од германскиот кнез Александар I Батенберг по случај на неговиот роденден.
Статус
[уреди | уреди извор]Со Орденот „За заслуга“ се наградуваат офицери или храбри учесници во воено време (со лентата на орденот „За храброст“) и во мирно време (со лентата на орденот „Свети Александар“).
Опис
[уреди | уреди извор]Постојат три изданија, секоја со по две разновидности. Знакот на ордена за секое издание се изработува од сребро и претставува кружен медаљон, ограден со лаврово венец со дијаметар 34мм. На лицевата страна е изобразен ликот на владетелот, а на обратната страна – коронован бугарски лав на фона на германски-готски штит, поради германското потекло на бугарската монархија. По краевите на штитот – лаврови клонки и натпис „За заслуга“. Медаљонот е расположен врз крстосани мечови. При различните изданија се сретнува различна дебелина на медаљот, ширина на венецот и формата на штитот.
Знаци на орденот
[уреди | уреди извор]I Батенбергско издание
- Прва Батенбергско издание
- Втора Батенбергско издание
II Фердинандово издание
- Кнеженско Фердинандово издание
- Царско Фердинандово издание
III Борисово издание
- Прво Борисово издание
- Второ Борисово издание
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дворцова свита – Орден „За заслуга“ Архивирано на 25 јули 2008 г. .