Прејди на содржината

Оргоста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оргоста
Orgjostë
Село
Оргоста is located in Албанија
Оргоста
Оргоста
Координати: 42°02′35″N 20°34′36″E / 42.04306°N 20.57667°E / 42.04306; 20.57667
ДржаваАлбанија
ОбластКукуш
ОпштинаКукуш
Општинска единицаЗапод
Надм. вис.&10000000000000949000000949 м
Население (1989)
 • Вкупно740
Час. појасСЕВ
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC)
Пошт. бр.8515
Повик. бр.024
Рег. таб.KU

Оргоста (албански: Orgjostë) — село во областа Гора, во Општина Кукуш на истоимената област, Албанија. Населението броело 740 жители во 1989 година[1], сочинето од Горанци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Гора, во јужните падини на планината Коритник, на надморска височина од 950 м.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1900 година, Васил К’нчов го забележал Оргоста како македонско-муслиманско село во областа Гора со 100 куќи.[2][3]

По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија. Според Стефан Младенов во 1916 г. Оргоста (О̀ргоста) било македонско село со 70 куќи.[2][4]

Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Оргоста било село со 100 куќи на Македонци-муслимани.[2][5]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Запод.

Поврзано

[уреди | уреди извор]