Прејди на содржината

Органски надреализам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Органскиот надреализам — еден од двата главни столбови во надреалистичкото движење во визуелните уметности. Се карактеризира со автоматистички техники,[1] кои неговите практичари ги користат за да ослободат несвесни асоцијации со цел да им дозволат на своите креативни имагинации да се појават на отворен начин.[2] Некои познати уметници кои се карактеризирани како органски надреалисти се Жоан Миро, Андре Масон и Макс Ернст.[3]

Раните дела на некои од уметниците активни во дадаистичкото движење може да се сметаат за дел од оваа категорија.[1] Органскиот надреализам бил еден од главните претходници на апстрактниот експресионизам.[4]

  1. 1 2 Hoffman, Katherine (1984). An enduring spirit: the art of Georgia O'Keeffe. Scarecrow Press. стр. 74. ISBN 978-0-8108-1672-5. Посетено на 6 October 2011.
  2. „Surrealism“. Britannica Online. Посетено на 6 October 2011.
  3. A Cobra portfolio: a selection of abstract artists in Europe post World War II : April 21-June 14, 1981, Emily Lowe Gallery, Hofstra University, Hempstead, N.Y. 11550. The Gallery. 1981. Посетено на 6 October 2011.
  4. Arts magazine. Art Digest Inc. 1 January 1975. стр. 93. Посетено на 6 October 2011.