Органска светлечка диода (ОЛЕД)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

ОЛЕД (англиски: Organic Light Emitting Diode) – вид светлечка диода (ЛЕД) која се состои од органски елементи и која емитира светлина.

Екраните ОЛЕД работат така што електричната струја се пропушта низ органскиот материјал кој притоа испушта светлина. Со оглед дека ваков процес не изискува заднинско осветлување, екраните ОЛЕД се потенки, поштедливи во поглед на потрошувачката на енергија, но сè уште не се поевтини од постојните екрани (ЛЦД и плазма).

Екраните ОЛЕД се користат во некои модели на мобилни телефони, преносни уреди и телевизори. Со усовршување на производната технологија и со зголемување на производството се очекува снижување на цената на екраните со ОЛЕД.

За разлика од ЛЦД, кои користат главно неоргански компоненти (силициум, германиум, галиум, арсенид или метали), ОЛЕД користи органски или хибриди од органско-неоргански материјали. Органските материјали ветуваат добри карактеристики како што се широк спектар на работни температури, флексибилност и добра спроводливост.

Занимливости[уреди | уреди извор]

Екипа научници работи на материјал ОЛЕД за „мачкање“, маса која би можела да се намачка или рашири на кој било вид површина, со што би се добил дисплеј ОЛЕД со дебелина од 100 nm. Таквиот дисплеј би ја користел сончевата енергија , затоа што така намачканиот дисплеј би бил исто така и соларен панел од каде би се напојувал, што е можно заради сличните принципи на работа на технологијата ОЛЕД и соларните ќелии.

Телевизори ОЛЕД[уреди | уреди извор]

Телевизорите ОЛЕД се уреди кои ја користат физичката појава на електролуминесценција за да прикажат подвижни или статични слики. ОЛЕД претставува варијанта на технологијата ЛЕД која освен за изработка на телевизиски екрани се користи за изработка на екрани за мобилните телефони, камери и други слични уреди. Главните предности се подобриот квалитет на сликата, помалата потрошувачка на електрична енергија како и потенките екрани, додека најголем недостаток е релативно високата цена.

Што е ОЛЕД[уреди | уреди извор]

Иако моментално во индустријата на телевизори доминираат уредите кои користат панели со екрани со течен кристал, познати под името ЛЦД панели, технологијата ОЛЕД исто така станува сè позастапена и популарна, па така добива големи шанси во иднина од тронот да ја симне постарата, „ривалска“ технологија за изработка на екрани. Идејата да се развијат екрани ОЛЕД дошла со набљудување на светулките, бидејќи овие инсекти се во состојба да створат светлина и покрај фактот дека на себе немаат никакви електрични уреди со традиционални ламби. Научниците заклучиле дека мора да постои природен органски материјал кој емитира светлина како одговор на електричната струја, и излегло дека било во право. Претходно опишаната физичка појава, стручно наречена електролуминесценција се користи во екраните ОЛЕД (Organic Light Emitting Diode – органска диода која емитира светлина) кои имаат полуспроводници од органски материја кој може да го створи овој ефект кога ќе се постави меѓу анодата и катодата. Едноставно речено, тој материјал емитира светлина како одговор на електрицитетот. Важна предност на овој систем е тоа што истиот бара многу мал простор, со што е овозможено секој пиксел или потпиксел да добие свој сопствен ОЛЕД-извор на светлина кој може засебно да се контролира. Во пракса тоа значи дека светлината на секој поединечен пиксел може да се вклучи и исклучи. Заради тоа, слично како и кај екраните со плазма, а спротивно на ЛЦД-технологијата кај кои одредена количина на заднинско осветлување секогаш поминува низ течниот кристал, ОЛЕД-технологијата може да прикаже вистинска црна боја, па така да понуди можност за бесконечен однос на контрастот.

Технологија ВОЛЕД[уреди | уреди извор]

Веќе подолго време траат експериментите да се произведе телевизор со големи ОЛЕД-панели, но повеќето од тие обиди биле неуспешни заради проблемите со животниот век и трошоците за производство. Во 2015 година, ЛГ била единствената компанија која нудела такви телевизори благодарение на својата единствена доверлива и релативно евтина технологија ВОЛЕД (WOLED, White OLED), која компанијата сама ја развила. За разлика од традиционалните РГБ панели, пикселите во ВОЛЕД-панелите не се состојат од три различно обоени потпиксели (црвен, зелен и син), туку наместо тоа се користи исклучиво ОЛЕД-извор на светлина тониран во бело за своите пиксели пред кои се поставени филтри на бои. Како дополнителна предност, оваа метода ги дополнува трите основни бои со четврта – белата, благодарение на која се зголемува нивото на осветленост, а се смалува потрошувачката на електрична енергија.

Достапни производи[уреди | уреди извор]

Иако ЛГ е моментално единствената компанија која нуди ОЛЕД-телевизори, асортиманот на овие производи воопшто не е мал и не е ограничен само на неколку модели. Во 2014 година, оваа јужнокорејска корпорација направила пет модели, а година дена подоцна ја проширала за уште единаесет, меѓу кои се наоѓаат телевизори со целосно висока резолуција (Full HD) и ултрависока резолуција.

Предности на ОЛЕД-телевизорите[уреди | уреди извор]

Демонстрација на дисплеј-прототип од 4,1" од Сони

Во споредба со ЛЦД-телевизорите, ОЛЕД-телевизорите даваат далеку поголем однос на контрастот, поголеми агли на гледање како и поширока скала на бои, што резултира со далеку поголем квалитет на сликата со иста потрошувачка на енергија. Оваа технологија исто така им овозможува на произведувачите да изработуваат многу потенки и покомпактни уреди, како што е и остварено со ОЛЕД-телевизорите кои се со дебелина од само половина сантиметар, а покрај тоа најдено е и решение за производство на телевизори со закривен екран. Асортиманот на производи ОЛЕД во иднина ќе се шири бидејќи во текот се истражувања кои ветуваат дека е можен развој на екрани кои ќе можат да се виткаат. Теоретски, овие производи би можеле да се најдат на пазарот за пар години.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]