Организирање

Од Википедија — слободната енциклопедија

Организација или организирање — еден вид социјално уредување со заедничка цел.

Организирање во општеството[уреди | уреди извор]

Секое општество се стреми кон постојан развој, што во голема мерка зависи од неговата стопанска активност преку која се создаваат производи и услуги за задоволување на потребите на поединците, но и на општеството во целина. Носители на стопанската активност се разните форми за организирање-организации. Организациите се социјални или општествени творби, создадени заради контролирано извршување на заедничките цели.

Секоја организација, во својот состав ги вклучува следните елементи: материјално-технички ресурси, финансиски ресурси и кадровски ресурси.

Организациите не се фирмираат само заради целите на бизнисот, туку и заради предностите што ги нудат во однос на работата на посебните индивидуалци. Една таква предност е економичноста. Друга предност е тоа што целите и задачите можат да се постигнат полесно во организацијата, отколку самостојно. Она што не може да го постогне поединецот, може организацијата. Трета предност е формализацијата на власта и одговорноста. Четвртата предност е изразена во постоењето на координираност на активностите во рамките на организацијата преку менаџерите и директорите, како резултат на утврдената хиерархија или субординација. Воспоставувањето на комуникациските системи е предност на формалната организациска структура. Организацијата може да се сфати како едно тело со многу органи што имаат различни функции и цели кои произлегуваат од поделбата на работата. Комуникациската мрежа овозможува функционирање на тој систем. Секоја организација има своја специфична организациска култура и организациска клима. Постојат повеќе особености што ги прават бизнис-организациите карактеристични во однос на другите: \вклучуваат луѓе - имаат потреба од пари - имаат сопственици - обезбедуваат производство или услуга од кои што има потреба - имаат потреба од потрошувачи или клиенти - стекнуваат пари од производите и услугите со штп ја навредуваат флексибилноста на власта

Организациска структура[уреди | уреди извор]

Во теоријата и практиката, поимот организација може да означува систем, односно процес или функција, па затоа треба да се прави суштинска разлика меѓу тие две нешта. Организирањето е процес на поделба на работите меѓу групите и индивидуите, и координирање на нивните активности за постигнување на целите на организацијата. Организирањето претртавува дел од менаџментот, кој вклучува воспоставување планирана структура од улоги на вработрните во извршувањето на мисијата на организацијата. Организирањето ги вклучува следниве работи:  определување и класифицирање на активностите,  групирање на активностите заради постигнување на поставените цели,  распоредување на активностите на поодделни менаџери, заедно со со овластувањата за контролирање и координирање на работата, по хоризонтално и вертикално ниво. Вообичаено е процесот на организирање и структурата на организацијата да се прикажи шематски или моделирано. Ваквата организациска шема во литературата се сретнува под името органограм. Формата, или дизајнот на една организација, односно типот на нејзината организациска структура зависи од определен број фактори, какви што се:  организациските цели  организациската големина  организациско делување-мисијата  гоеграфската покриеност  економскиот опфат Организациската структура може да се смета како начин за создавање и уредување на меѓусебниот однос на составните делови во една организација. Организациската структура го определува моделот во кој се дадени задачите, начинот на нивно определување, системот на одговорности. Според тоа организациската структура поседува три компоненти:  комплексност: нивоа на организациска хиерархија  формалност: определени правила и процеси  централизација: начин на донесување и спроведување на одлуките Организациската структура дава податоци за поделбата на работата, нивото на специјализација на работните активности, организациската хиерархија, постојните врски. Групирањето на вработените и нивните активности по сектори, овозможува поголема ефикасност во процесот на надгледување на работата од страна на менаџерите. Од избраната организациска структура зависи нејзината успешност. Организацијата треба да се гради врз три столба: стабилност, претприемништво и менување на навиките. Сепак мора да се нагласи дека генерално применливи решенија нема. Иако во теоријата се нудат модели на структури коишто ветуваат ефективни и ефикасни организации, практиката покажува дека секоја организација располага со свои оригинални решенија.

Типови на Организациска Структура[уреди | уреди извор]

Од една страна, постoјат толку многу различни организациски структури, колку што има организации, но од друга страна, со цел да се упростат работите, може да се изврши групирање на структурите во типови. Овие структури, генерално, се однесуваат на бизнис органициите, но можат да се применат и за некои непрофитабилни организации. Според тоа, структурата на најголемиот број организации може да се подведе во една од следниве групи:  функционална организација  организација според типот на производот  организација според типот на потрошувачот  организација според географската положба  матрична организација  комбинирана организација Функционалната организација како најопшта форма, се сретнува во мануфактурните организации или фабрики бидејќи со неа се овозможува оптимална контрола и пресметливост. Ваквиот тип организации, во принцип, се поделени во сектори или департманти, кои се викаат уште и служби. За нивно функционирање, вообичаено е задолжен еден менаџер – директор, кој е одговорен за внатрешното работење на секторот / службата, но ја обезбедува и соодветната координација со другите служби во

Организацијата според типот на производот[уреди | уреди извор]

е производно базирана организациска структура во кој производите значително се разликуваат во секој посебен сектор на организација. Секој сектор претставува посебна производна област, а за секој производ постојат посебни производни и маркетинг единици.

Организација според типот на потрошувачот[уреди | уреди извор]

независно од типот на производството и начинот на организирање, е поделена на сектори од аспект на маркетингот, односно од аспект на клиентите или групите за кои е наменет производот или услугата.

Организација според географската положба[уреди | уреди извор]

Организацијата според географската положба е практична организациска структура за големите или мултинационалните компании кои делуваат во неколку различни географски региони, држави, па дури и континенти.

Матрична организација[уреди | уреди извор]

е многу комплексна и сложена организациска форма. Се користи во оние организации каде што постои голема поврзаност меѓу секторите или каде што вработените одговараат за својата работа на повеќе од еден менаџер. Во некои големи бизнис-организации, работата се изведува во два правци. Прво, персоналот ќе работи во својот соодветен сектор, и второ истиот персонал од овие сектори, може да добие задача да работи на некои проекти, или во некои тимови за извршување на некоја посебна задача. Според тоа, во некоја институција може да се случи, некој од членовите на секторот за маркетинг, освен на својот директен претпоставен, во исто време да му одговараат и на директорот на произвидството. Матричната структура може добро да функционира само ако вработените ги разбираат своите позиции, односно своето место и улога во матрицата. Тие треба да бидат повнимателно водени отколку во другите структури бидејќи постои ризик со ваквата специфична поставеност. Може да се јави конфузија кај вработените во поглед на реферирањето или известувањето кај претпоставените. Како пример за ваква структура може да се земе оној, од физичката дистрибуција на ИМБ Млекара – Битола. Имено, возачите на млекарата препаѓаат во секторот за транспорт и одржување. Распоред за работа добиваат од менаџерите од секој сектор и ним им одговараат за својата работа, но за физичката дистрибуција на готовите производи на Млекарата, тие се одговорни и пред менаџерите од секторот за комерција.

Комбинираната организација[уреди | уреди извор]

како структура се сретнува во големите бизнис – организации, при кои расличните сектори можат да бидат различно дизајнирани. На пример, во една организација со функционална структура, производството може да биде организирано според типот на производите, маркетингот да биде според географската лоцираност, а функциите за финансии и кадри да бидат матрично изведени.

Принципи на Организирање[уреди | уреди извор]

Кога станува збор за принципите на организирање, треба да се има во вид дека различни автори третираат и различни списоци од принципи. Така на пример, Урвик, кој е еден од позначајните теоретучари на менаџментот што делување по II Светска војна, наведува список од десет принципи на организирање. Без претензии да се фаворизира некој список на принципи како најдобар.

Принцип на целта на организирање[уреди | уреди извор]

Секоја организација треба да има своја цел. Овој принцип укажува на фактот дека секоја организација мора да има воспоставена таква организациска структура, којашто ќе придонесува за нејзината ефикасност и ефективност. Имено функционална е само онаа организациска струкрура којашто им овозможува на поединците да придонесат за реализација на целите на организацијата.

Принцип на срецијализација[уреди | уреди извор]

Секој поединец или оддел во една организација треба да се специјализираат. Специјализацијата претставува степен на поделба на работите во организацијата. Според овој принцип на организирање, работата во организацијата треба да се подели на помали сегменти заради постигнување на поголеми фекти

Принцип на координација[уреди | уреди извор]

Сите активности во една организација треба да се координирани или усогласени, по можност во еден центар. Координирањето означува процес на интегрирање на активностите и целите на поодделните интегрирање на активностите и целите на поодделните организациски единици заради поефикасно постигнување на организациските цели.

Принцип на власт[уреди | уреди извор]

Власта мора да биде правилно разбрана и применувана во практиката. Треба да постои јасна линија на авторитет за секој член на организацијата. Секој менаџер има надлежности коишто ги добива врз основа на позицајата што ја има во организацијата. Тоа се неговите овластувања коишто може и да ги делегира на менаџерите од пониското ниво.

Принцип на одговорност[уреди | уреди извор]

Раководителот на секој оддел е апсолутно одговорен за активностите на своите подредени. Секое работно место во една организација има своја одговорност. Менаџерите од повисоките нивоа им делегираат овластувања на оние од пониските. Притоа одговорноста не може да се делегира. Таа останува и кај менаџерот што го делегирал овластувањето и кај оној кому му е делегирано истото.

Принцип на дефинираност[уреди | уреди извор]

Работните задачи и цели треба да се јасно дефинирани и да не постои конфузност. Колку што се појасно дефинирани функциите и задачите, како и резултатите коишто се очекуваат, толку е полесно да се направи структурата на организацијата.

Принцип на совпаѓање[уреди | уреди извор]

Власта и одговорноста мора да се совпаѓаат. Власта претставува дадено право на менаџерот да направи нешто, а произлегува од неговата позиција што ја зазема во организацијата. Меѓутоа неговата власт мора да биде соодветна на одговорноста. Не може од некого да се бара одговорност ако тој нема, или нема доволно власт, исто како што некој не може да има власт, а да не сноси одговорност за евентуалните пропусти и грешки.

Принцип на пресметана контрола[уреди | уреди извор]

Овој принцип е во тесна врска со она што во литературата се вика опфат на менаџментот или број на вработени коишто можат да бидат контролирани од еден менаџер. Имено, на секое менаџерско ниво, постои ограниченост во поглед на бројот на подредени кои можат да бидат функционално и рационално управувани.

Принцип на рамнотежа[уреди | уреди извор]

Помеѓу различните оддели или сектори во една организација треба да се воспостави и оддредена рамнотежа. Од него зависи ефикасноста и ефективноста на воспоставената организациска структура. Покрај другото ова значи неопходност за воспоставување на рамнотежа во унапредувањето, којашто ќе ги елиминира двојните команди во системот, а со тоа истиот ќе го движи напред. Ова е во тесна врска со флексибилноста и адаптибилноста на организациската структура што ја прави истата подготвена да реагира на промените.

Принцип на континуитет[уреди | уреди извор]

Организациските структури треба да се постават така што бизнисот може да продилжи секогаш, кога ќе се изврши реорганизација, или ќе се случат некои крупни промени во окружувањето. Секогаш треба да се има во вид таква организациска структура која мора да обезбедува континуитет во работата.