Прејди на содржината

Орбело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Орбело
АвторЃоре Гонев и Петар Трајков
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонски
Жанрезотеричен трилер
ИздавачАквариус 5
Издадена
2009
Страници285
ISBN978-608-4502-23-4
Претходна„Последното оттуѓување“ 

Орбело — првиот македонски роман од жанрот на езотеричен трилер, во издание на Аквариус-5 Скопје во 2009 година[1]. Напишан е од авторите Ѓоре Гонев и Петар Трајков. Излегувањето на книгата било одложено од трагичното загинување на Гонев. На инсистирање од неговите родители романот е довршен и објавен во 2009 година. Орбело е метафора за случувањата во Македонија и околу неа изразено преку јазикот на окултните симболи. Орбело е обид да се направи нова геополитичка парадигма за состојбите и случувањата поврзани со Македонија.

Приказна

[уреди | уреди извор]

Пред неколку илјади години кога во Египет исчезнала големата тајна на пирамидите, еден свештенички род се преселил во Македонија во долината на реката Струма. Изградиле храм чија локација прецизно не е утврдена. Можеби овде го пронашле она што во Египет било изгубено. Херодот и подоцна Гај Светониј Транквил запишале дека во тој храм се посветиле Александар Македонски и Цезар. Врз таа точка авторите ја градат приказната за судирот на илуминатите. За да се создаде повторно голем светски владетел мора да се влезе во храмот. Но влезот во тој храм бара крвна жртва. Трагата води кон четири дечиња кои живеат во една населба. Кога храмот се отвора рептилоидите се пресретнати од чистотата на детската душа и вера и, плановите се поматени. Некои од поимите обработени од овој роман се: подземна пирамида, ормус, оргон, црно сонце, масони, кои се дел од светската езотеричка литература.

  1. „Орбело, Петар Трајков и Ѓоре Донев, „Аквариус", Скопје — Роман што трага по кодовите на нашата земја“. Дневник. 5 септември 2010. Посетено на 2012-07-22.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]