Орање (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Орање — главна река во Јужноафриканската Република. Таа била откриена од Европејците во 1760 година и именувана по Оранската династија (Орање), холандски општественик.

Орање извира од Змејските Планини (Дракенсберг), долж границата на ЈАР и Лесото, на околу 193 км од Индискиот Океан и на надморска висина од преку 3000 м. Во Лесото реката е позната како Сенчу и некои нејзини делови замрзнуваат во зимата поради големата надморска висина. Потоа реката тече 2200 км западно, прво низ југозападниот дел на Фристејт провинцијата, а потоа и низ Северен Кејп.

Реката Орање, надојдена поради поројните дождови кога е фотографирана.