Орање

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Орач)
Орање на земјоделските поседи во околината на Прилеп со помош на волови (1920)
Орање со трактор во Македонија

Орање — земјоделска техника која подразбира обработување на плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење[1]. Во основа, орањето претставува прокопување и раситнување (разровкување) на почвата на одредена длабочина со земјоделски алатки како рало или плуг прикачени на добиток или сосвремена земјоделска механизација како трактор или мотокултиватор (во градинарството на мали површини и со мотика и копач), со што таа се подготвува за засевање со различни култури.

Обработката на почвата претставува една од најстарите агротехнички мерки применувани од страна на човекот со цел да се задоволат барањата на културните растенија и да се постигнат високи приноси[2]. Со обработката на почвата се врши нејзино разровкување на одредена длабочина, а потоа се врши продлабочување на ораничниот слој со што се создаваат услови за пристап на воздухот, водата, топлината, хранливите материи и др[2]. Исто така, со обработката на почвата се делува против плевелите и прекумерното испарување на влагата, што значи дека со орањето се подготвува почвата за нормален развиток на растенијата[2]. Значењето на обработката на почвата се состои во тоа што во неа се враќаат и поправаат добрите особини кои почвата ги изгубила во претходниот посев, а особено со збивањето, како и при различни врнежи и со газењето на разните земјоделски машини[2]. Со обработката на почвата особено се подобруваат физичките својства и биолошките процеси на почвата, со што се овозможува и поголемо создавање на хранливи материи за исхрана на растенијата[2]. За правилно орање потребно е да се обрне внимание на формирањето на слогот, на самото орање и на орањето на разорот.

Орањето како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Орање“. Дигитален речник на македонскиот јазик. Посетено на 12 март 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Таневски, Драги (17 март 2012). „Правилно орање со плуг“. Скопје: Федерација на фармерите на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2012-04-06. Посетено на 12 март 2017.
  3. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 103.
  4. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 13.
  5. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 296.

Поврзано[уреди | уреди извор]