Оранинбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оранинбург
Замок Оранинбург
Замок Оранинбург
Грб на Оранинбург
Оранинбург се наоѓа во Германија
Оранинбург
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Горен Хафел
Градски единици 9
Градоначалник Ханс-Јоахим Лезике (SPD)
Основни податоци
Површина 162,37 км2
Надм. височина 34 м
Население 41.621 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 256 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHV
Пошт. бр. 16515
Повик. бр. 03301
Портал www.oranienburg.de
Местоположбата на градот Оранинбург во рамките на округот Горен Хафел
Карта
Координати 52°45′16″ СГШ 13°14′13″ ИГД / 

Оранинбург (германски: Oranienburg) е град и административно седиште на округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Географија[уреди]

Оранинбург е сместен на бреговите на реката Хафел, 35 километри северно од Берлин.

Градски единици[уреди]

Градот се состои од 9 градски единици:

  • Фридрикстал
  • Гермендорф
  • Лениц
  • Малц
  • Оранинбург
  • Заксенхаузен
  • Шмахтенхаген
  • Вензикендорф
  • Целендорф

Историја[уреди]

Првичното име на Оранинбург било Бецов. Градот бил основан во 12 век и бил прв пат споменат во 1216. Се верува дека Алберт Први ја наредил изградбата на замок на бреговите на Хафел. Околу замокот постоела населба на трговци и занаетчии.

Во 1646, Фридрих Вилхелм Први се оженил со Луизе Хенриете. Таа била восхитена од градот Бецов, па поради тоа нејзиниот маж ѝ го подарил целиот регион. Принцезата наредила да се изгради нов замок во холандски стил и го нарекла Оранинбург или Замок Оранинбург. Во 1653, градот Бецов бил преименуван во Оранинбург.

Силвио Гезел, основачот на слободната економија („Freiwirtschaft“), живеел во Оранинбург помеѓу 1911 и 1915, објавувајќи го своето списание, „Der Physiocrat“. Се вратил во градот во 1927 и останал тука до својата смрт во 1930. Градот останал средиште на движењето за слободна економија додека не бил преземен од нацистичкиот режим во 1933 и многу следбеници на Гезел завршиле како затвореници во концентрацискиот камп во градот.

Еден од првите нацистички концентрациски кампови бил тој во Оранинбург во 1933. Во 1936 бил заменет од концентрацискиот камп Заксенхаузен, кој продолжил да работи до крајот на нацистичкиот режим; 200.000 луѓе биле затворени во 9 годишниот период на кампот. 22.000 биле убиени од нацистите пред ослободувањето од советската Црвена армија во 1945. Потоа, местото било повторно отворено во август 1945 како советски специјален камп 7. Околу 12.000 луѓе (главно нацисти кои чекале судење) умреле за време на кампот пред тој да биде затворен во 1950. Нивните остатоци не биле пронајдени до почетокот на 1990-тите.

Оранинбург бил исто така центар на проектот за нуклеарна енергија на Нацистичка Германија и според воениот историчар Ентони Бивор, отпочнувањето на битката за Берлин од Сталин било мотивирано од неговата желба за освојување на објектот.[2] Исто така се тврди дека уништувањето на објектите на американските воздушни сили на 15 март 1945 било направено како превентива од потпаѓање во советски раце.[3]

Меѓународни односи[уреди]

Оранинбург е збратимен со:

Наводи[уреди]

  1. „Bevölkerung im Land Brandenburg nach amtsfreien Gemeinden, Ämtern und Gemeinden 31. Dezember 2012 (XLS-Datei; 83 KB) (Einwohnerzahlen auf Grundlage des Zensus 2011)“] (на германски). „Статистичка служба за Берлин и Бранденбург“. 31 декември 2011. https://www.statistik-berlin-brandenburg.de/Publikationen/OTab/2013/OT_A01-12-00_124_201212_BB.xls. 
  2. Antony Beevor Berlin: The Downfall 1945, Penguin Books, 2002, ISBN 0-670-88695-5 Preface xxxiv
  3. Richard G. Davis,Bombing the European Axis Powers. A Historical Digest of the Combined Bomber Offensive 1939–1945 Alabama: Air University Press, 2006, page 518

Надворешни врски[уреди]