Општо за ревизија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Општата дефиниција на ревизија е проценка направена од личност, организација, систем, процес, проект и производ. Ревизорите се обучени да ги утврдат валидноста и доверливоста на информациите и да извршат проценка на системот на внатрешни контроли. Целта на ревизијата е да се изрази мислење за личност, организација или систем итн., и тоа врз основа на извршени тестирања. Поради практично ограничување, ревизорите мора да веруваат во тоа дека извештаите не содржат материјални грешки. Затоа од ревизорите често се користат статистички примероци. Во случај на финансиска ревизија, за финансиските изјави се вели дека се вистинити и праведни кога се со веродостојни изјави. Тоа е концепт на кое му влијаат и квантитативните и квалитативните фактори.

Традиционално, ревизорите пред се се поврзани со запознавање со информатичкиот систем и финансиските извештаи на компаниите и фирмите. Меѓутоа, денешните ревизори вклучуваат и други информации за системот, како на пример информациите за изведбата на околината. Како резултат на тоа, има професионални ревизори кои вршат ревизии за околината.

Во финансиското сметководство ревизијата е независна проценка на фер работење, при што финансиските извештаи на компаниите се презентирани од своите менаџери. Тоа се прави од една компетентна, независна и професионална личност/ личности, познати како ревизори или сметководители, кои потоа составуваат извештај, врз основа на резултатите од ревизијата. Таквиот систем треба да биде веродостоен и да ги почитува општите стандарди, кои се поставени од владините тела за регулирање на бизнисот во формите. Едноставно, овие стандарди даваат уверување за трети или надворешни лица, дека резултати на фирмата се врз основа на веродостоен извештај.

Ревизии на квалитет[уреди | уреди извор]

Ревизорите на квалитет се обучени да ја проценат ефективноста на квалитетниот менаџерски систем. Тоа е дел од сертификати како ISO 9001. Ревизија на квалитетот е важна за верификување на постоењето на објективни проценки за процесот, да се процени колку е успешно имплементиран процесот со цел да се процени ефективноста за исполнување на дадени цели. Обезбедување докази за намалување и решавање на проблеми е важна алатка на менаџментот за постојано подобрување на работењето.

За да биде во полза на организацијата, ревизијата на квалитет треба да ги обелодени ризичните активности, да предложи корективни акции и да го пофали доброто работење. На овој начин, другите оддели можат да го коригираат своето работење и да обезбедат подобрувања во целост.

Интегрирана ревизија[уреди | уреди извор]

Во САД, ревизорите на компании кои котираат на берзите дејствуваат според правилата на Надзорниот одбор за Сметководство на компаниите(НОСКБ). Ваквата ревизија се нарекува Интегрирана ревизија. Тука ревизорите имаат дополнителна одговорност за да изразат мислења за системот на интерни контроли и ефективноста на интерните контроли врз финансиското известување, базирано на сопствените (ревизорски) проценки.

Видови на ревизори[уреди | уреди извор]

Постојат два вида на ревизори:

• Интерни (внатрешни) ревизори се вработени во компаниите чија задача е да вршат проценка и евалуација на системот на интерни контроли. За да ја задржат својата независност, тие ги презентираат своите извештаи директно пред одборот на директори или пред топ менаџментот. Интерните ревизори се вработени во фирмите, па така полесно може да најдат случаи на измама или проневера

• Екстерни (надворешни) ревизори се независни личности вработени од ревизорска фирма за да извршат проценка и евалуација на финансиските извештаи на клиентите или други договорени евалуации. Повеќето екстерни ревизори се вработувани од сметководствени фирми и тие се ангажирани цела година. Тие се повикувани и не се директно од фирмата, значи тие се надворешни лица.

За четирите најголеми сметководствени фирми често се користи терминот Големата четворка. Во Големата четворка влегуваат следните компании:

• Прајсватерхаус Куперс, (ПвЦ).

Ернст & Јанг (ЕЈ).

• КПМГ.

• Дилојт Туш Томатсу, (Дилојт).

Постојат и многу други ревизорски фирми кои конкурираат со фирмите на Големата четворка за различни ангажмани. Конкуренцијата е поголема поради проблеми со независноста на различни правни барања создадени како резултат на скандалот со Артур Андерсен. Во САД и Австралија, овие фирми со заедничко име се нарекуваат “среднисти”. Дел од “среднистите” се: Мазарс, БДО Интернешенл, Вилијам Бук, Мор Стефенс ЛЛП, Грант Тортон Интернешенл, Мекгледреј & Пулен, Хал Чадвиќ, Даби О' Конер & Залески, ЛЛЦ, ПКФ, Пичер Партнерс, Џонсон Ламберт & Ко, Беард Милер Компани, ДФК Интернешенл, Хорват Интернешенл и УХЈ.

Во Велика Британија средните по големина фирми исто така се нарекуваат “среднисти”. Многу од овие фирми се меѓународни и ја зголемуваат конкуренцијата кон Големата четворка. Особено по големите ревизорски скандали.

Ревизорски фирми низ светот[уреди | уреди извор]

Додека четирите најголеми ревизорски фирми нудат услуги за ревизија на најголемите корпорации во САД, ревизорските фирми низ светот се во партнерски однос со Големата четворка. Со оглед на тоа што корпорациите имаат свои филијали во различни делови на светот, тие обично се ревидирани од фирми соработнички на Големата четворка со цел да се задржи континуитетот во примената на ревизорските стандарди и методологија.

Види[уреди | уреди извор]

Ернст & Јанг

КПМГ