Општински парк (град Луксембург)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општински парк
Карта
ВидЈавен градски парк
МестоЛуксембург Виљ От, Луксембург, Луксембург
Координати49°36′49″N 06°07′22″E / 49.61361° СГШ; 6.12278° ИГД / 49.61361; 6.12278
Површина20 хектари
СтопанисувачСовет на градот Луксембург

Општински парк (француски: parc de la Ville) ― јавен урбан парк во градот Луксембург, во јужен Луксембург. Источната граница допира со булеварот кнезот Анри (boulevard du Prince Henri) и, заедно со долините на Алзет и Петрус, создава граница што го одделува средишниот четврт Вил От од остатокот на градот.

Овој зелен лак е сегментиран во одделни делови од авенијата Монтереј, авенијата Емил Ројтер и авенијата Порт Нев. Областа што се граничи со овие патишта е приближно 20 хектари. Најјужниот дел од паркот се вика парк Едит Клајн (Parc Ed. Klein). Паркот бил создаден по уривањето на тврдината според Лондонскиот договор од 1867 година.[1]

Паркот е местоположбата на Вила Лувињи, во најјужниот дел, и Вила Вобан, преку авенијата Емил Ројтер. Вилата Лувињи била седиште на Луксембургшката теледифузна компанија (Compagnie Luxembourgeoise de Télédiffusion), претходникот на групата РТЛ (Радио телевизија Луксембург) и била домаќин на Евровизија во 1962 и 1966 година. Вилата Вобан било првичното седиште на Европскиот суд на правдата, и сега е ликовен музеј.[1]

За време на ископувањето за изградба на подземниот паркинг Монтереј, биле откриени остатоците од тврдината. Наречено Ламберт Редуб, петоаголната тврдина сега може да се види јужно од авенијата Монтереј. Тврдината Ламберт првично била изградена во 1685 година, обновена во 1835–6 и претрпела промени меѓу 1868 и 1874 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „The Schuman Circular Walk“ (PDF). Luxembourg City Tourism Office. Посетено на 29 април 2021.